Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонија шеста најсиромашна земја во Европа!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Македонија шеста најсиромашна земја во Европа!
Агровести

Македонија шеста најсиромашна земја во Европа!

Објавено 18/05/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонија е рангирана на шестото место на листата најсиромашни земји во Европа, објавува „WorldAtlas“, врз основа на податоците на Меѓународниот монетарен фонд за БДП по глава на жител според паритетот на куповната моќ.

На листата најсиромашна земја е Молдавија, а на второто место е нашиот северен сосед Косово.

Во извештајот се вели дека Македонија имала стабилен, но низок економски раст, околу 2% во последните години. Невработеноста се намалила на под 13% до 2024 година, од 30%. Економијата се базира главно на индустрии како што се металургијата, текстилот, автомобилските делови и туризмот, особено во Охрид и во Скопје.

„Економскиот раст е стабилен, но скромен, со просек од околу 2% во последните години. Невработеноста значително се намали, паѓајќи под 13% во 2024 година, откако беше над 30% на почетокот на 2010-тите (сè уште една од највисоките стапки во Европа). Економијата се потпира на секторите за метали, текстил, автомобилски компоненти за европските синџири на снабдување, како и сè повеќе на туризмот во регионот на Охридското Езеро и областа на Скопје“, се вели во извештајот за Македонија.

Според извештајот, Молдавија останува најсиромашната земја во Европа со БДП по глава на жител според ПКМ од околу 19.700 долари. По неа следуваат Косово со околу 20.400 долари по глава на жител, Украина со 21.000 долари, Босна и Херцеговина со 22.800 долари, Македонија со 24.300 долари, Белорусија со 25.500 долари, Албанија со 25.600 долари, Србија со 28.500 долари, Црна Гора со 31.000 долари и Бугарија со 36.000 долари.

Извор: libertas

Може да ви се допадне

Невработените од земјава, посебно младите до 29 години најдоцна до утре можат да се пријават на огласот за добивање грант за самовработување и започнување сопствен бизнис
Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг во првиот квартал е 58,9 проценти од БДП, тоа е суштинската разлика во начинот на кој ние ги водиме јавните финансии
ЦУК: Повеќе пријави за поплави и нарушување на инфраструктурата по невремето во Скопје, најкритични Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир и Аеродром
Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 02.07.2026 година
ММФ ќе прави анализи на пензискиот фонд, во Буџетот се предвидени вкупните 19,6  милијарди денари за Вториот столб
Таг:Европамакедонијанајсиромашна земјашеста
Претходен напис Кина и САД постигнаа прелиминарен договор за намалување на царините и трговија
Следен напис Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?