Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Состојба на земјоделските култури во Република Северна Македонија и агрометеоролошка прогноза за периодот после 30.04.2026 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Состојба на земјоделските култури во Република Северна Македонија и агрометеоролошка прогноза за периодот после 30.04.2026 година
Агропрогноза

Состојба на земјоделските култури во Република Северна Македонија и агрометеоролошка прогноза за периодот после 30.04.2026 година

Објавено 30/04/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Изминатава недела имавме променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд. Во деновите од изминатиот викендот времето беше стабилно, сончево и топло.

Во интензивен развој се скоро сите земјоделски култури. Во некои региони започнато е со расадувањето и на топлољубивите заленчукови култури – домати, пипер, патлиџан, краставици, лубеници и дињи.

Времето денес променливо облачно и свежо со врнежи од дожд, наместа пообилни (15 до 20 l/m²).Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието ќе надминува брзина од 60 km/h. Од петок до крајот на неделава ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во опаѓање, а утринската наместа ќе се спушти и под нула. Од понеделник следува стабилизирање на времето и пораст на дневната температура.

При вакви временски услови земјоделските производители да посветат поголемо внимание на заштита на нивните посеви од плевели, појава на болести и штетници, да преземат содветни агротехнички мерки заради постоење на оптимални услови за нивно ширење и развој, уништување на плевели преку плитка обработка на почвата, бидејќи нивната појава може значително да го намали приносот и квалитетот. Да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води и заштита од нив. Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува под отворен простор.

Со нови врнежи од дожд се одржува влагата во почвата. Врнежите се од суштинско значење за земјоделските култури бидејќи водата е главниот двигател на сите витални процеси во растението.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -2°C на повисоките места до 10°C, а максималната температура ќе се движи во интервал од 9°C до 27°C.

Извор: Агрометео



Може да ви се допадне

За викендот сончево и многу топло до 40 степени
Состојба на земјоделските култури во Република Македонија и агрометеоролошка прогноза за периодот после 16.07.2026 година
Сончево и многу топло, попладне можен локален дожд
За викендот сончево и многу топло, од вторник грмежи и засилен ветер
Сончево и топло до 38 степени
Таг:агрометеоролошка прогнозаземјоделските културимакедонијаСостојба
Претходен напис Во март Србија ја посетиле најмногу туристи од Русија и од Северна Македонија
Следен напис Анализа „Ефикасност на јавната потрошувачка“: промени за поголема ефикасност на капиталните расходи и субвенциите во земјоделството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?