Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Фото) И кравите се добра публика, погледнете како уживаат на концерт на класична музика
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (Фото) И кравите се добра публика, погледнете како уживаат на концерт на класична музика
Магазин

(Фото) И кравите се добра публика, погледнете како уживаат на концерт на класична музика

Објавено 04/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кравите на фарма во Данска имаа можност да уживаат во концерт на класична музика.

Облечени свечено како да настапуваат во концертна сала, членовите на ансамблот предводен од британскиот виолончелист Џејкоб Шо од недела во недела, среде пандемија, настапуваат пред публиката, пренесува порталот „Classic FM“.

Нивната сцена е покриена со слама, сценографијата се состои од бали сено, а просторијата во која музицираат е штала со крави.

„Класичната музика е многу добра за луѓето. Ни помага да се опуштиме, а кравите знаат дали сме опуштени или не. Има смисла да се помисли дека таквата музика може да направи кравите да се чувствуваат добро“, објасни одгледувачот на крави Моргенс Хаугард во изјава за Њујорк Тајмс.

На редовните концерти пред несекојдневната публика излегуваат Џејкоб Шо и неговите колеги од скандинавската школа за виолинчела во Данска.

Кога Шо открил дека има фарма во близина на училиштето во кое се одгледуваат крави, видел можност да одржи концерти. Набрзо по средбата со Могенс и Луис Хаугард, тој се согласил со соседите за сè.

Од ноември 2020 година, кравите уживаат во серенадите преку звучник од кој доаѓаат звуците на ремек-дела на Моцарт и други класични мелодии.

Еднаш неделно, Шо и учениците од училиштето доаѓаат да настапат во живо пред публиката.

Концертите на фармата започнаа како дел од планот за популаризација на музичкото училиште и неговите млади ѕвезди. Брзо се покажа дека и училиштето и учениците се многу популарни кај публиката, без разлика дали е тоа на две или на четири нозе.

На почетокот, четвороножната публика гласно ги поздрави изведувачите и го награди изборот на репертоарот. Меѓутоа, како што одминуваше времето и како што се нижеа концертите, кравите почнале да развиваат прилично „остар вкус“.

Еден виолончелист за екипата на „Њујорк тајмс“ рекол: „Дали видовте како сите заминаа во ист момент? Не им се допаѓа Дворжак“.

https://www.facebook.com/photo?fbid=10158192791528775&set=pcb.10158192791718775




Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:концерткрави
Претходен напис Истражувањата покажуваат: Работниците во земјоделството и прехранбената индустрија се најголеми жртви на ковид-19
Следен напис КАМ демантира дека во „царскиот микс“ е пронајдено туѓо тело: Нашиот производ е исправен, случајот детално истражен
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?