Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Истражувањата покажуваат: Работниците во земјоделството и прехранбената индустрија се најголеми жртви на ковид-19
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Истражувањата покажуваат: Работниците во земјоделството и прехранбената индустрија се најголеми жртви на ковид-19
Агровести

Истражувањата покажуваат: Работниците во земјоделството и прехранбената индустрија се најголеми жртви на ковид-19

Објавено 04/05/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Секојдневните вести за бројот на смртни случаи како резултат на вирусот САРС-КоВ-2 никого не оставаат рамнодушен. Пандемијата влезе во својата втора година, а минатиот месец и во третиот бран.

Освен здравствен и социјален, пандемијата исто така претставува и огромен економски предизвик. Но, човечките загуби најмногу нè допираат.

Во една неодамнешна студија под наслов „Прекумерна смртност поврзана со пандемијата ковид-19 кај граѓани од Калифорнија на возраст од 18 до 65 години, според активност и занимање: од март до октомври 2020 година“, се покажа дека стапката на смртност е највисока кај работниците кои работат со храна и кои се занимаваат со земјоделството, со пораст од дури 39 проценти.

Авторите на студијата велат дека со ова сознание треба да се користи затоа што очигледно овие сектори се места на пренос на вируси, што бара спроведување на строги правила, обезбедување услови за работа, заштита на работниците и дистрибуција на вакцините на овие групи на луѓе.

Од март до октомври 2020 година

Во Америка, ова не е само здравствен проблем, туку и расен и етнички проблем. Имено, смртноста кај Латиноамериканците во прехранбениот и земјоделскиот сектор е зголемена за дури 59 проценти. Кога станува збор за белците, има 16 проценти.

Минатата година, некаде ова време, коронавирусот пустошеше во кланиците и во фабриките за преработка на месо во САД. Тој беше навлезен дури во 180 такви објекти, а проблемите биле најголеми таму каде што доминирале големите компании. Во тоа време, многу мали кланици беа затворени поради големите погони кои вработуваа илјадници работници, што доведе до тесно грло во американскиот агробизнис.

Друг голем проблем таму е што многу американски граѓани немаат ниту основна здравствена заштита.

Смртноста се зголеми и во Европа

Ниту Европа не беше поштедена од вакви случаи – или во кланиците или на нивите. Минатото лето, една Романка изјавила дека Германија веќе никогаш нема да ја види. Источноевропските работници тогаш се жалеа на неплатеното прекувремено работно време, валканите сместувачки капацитети и недостаток на мерки против коронавирусот.

Следните месеци донесоа сериозност во пристапот кон работниците и условите за работа, но и зголемување на трошоците за земјоделците.

Кога станува збор за податоци за смртност за време на пандемијата поврзани со дејноста, тие не постојат во Европската Унија. Но, дека смртноста генерално се зголемила минатата година, покажуваат резултатите кои овој месец ги објави Евростат.

Најголемо зголемување е забележано во април 2020 година, со пораст од 25,1% во споредба со просекот на истиот месец во периодот 2016-2019 година. Во јули имало намалување, а повторниот раст започнува во август и септември, а го достигна својот врв во ноември за 40,7 проценти.

На почетокот на пандемијата, од 25 најзагрозени региони, дури 18 биле во Италија и Шпанија. Но, во вториот, есенски бран, голем број беа забележани во Централна и Источна Европа.

Високоризично земјоделството

Секако треба да се напомене дека работните места во земјоделството се генерално ризични. Според последните податоци на Евростат, тие се на четвртото место во Европската Унија кога станува збор за фатални несреќи, по градежништвото, работите во транспортот и складирањето. Тие, на што сме сведоци од година во година, најчесто се однесуваат на несреќи со трактори.

И во другите земји во светот, земјоделството е една од најопасните професии. Еден пример е Австралија, каде што податоците објавени од „SpringerLink“ покажуваат дека од 195-те починати работници во таа земја во 2015 година, 53 биле од секторите земјоделство, шумарство или од риболовниот сектор (27%).

Не треба да заборавиме дека овие работници се склони кон синдром на преоптоваруавње, т.н. прегорување на работното место, што е особено нагласено за време на оваа криза кога е под знак прашалник како и каде да се пласира стока, како да се борат со растечките барања на институциите при користење нови методи на одгледување, како на добиток, така и во растителното производство.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Таг:земјоделциКовид 19
Претходен напис ЕУ за првпат авторизира инсект како прехранбен производ
Следен напис (Фото) И кравите се добра публика, погледнете како уживаат на концерт на класична музика
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?