Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Што значи недостатокот на врнежи за делувањето на хербицидите?


Американските научници откриле дека за добро делување на хербицидите пред никнување е потребно пет до 15 см дожд во рок од 15 дена од употребата.

Студијата која ја спровел Универзитетот во Илиноис во соработка со американската Служба за истражување во земјоделството (ARS) покажува дека хербицидите, кои таму се користат, пред никнување на посевите стануваат сè помалку делотворни поради нестабилноста на временските услови, пишува ScienceDaily.

„Врнежите се променливи, сеидбата е често пролонгирана поради преголемата влага, а во тие случаи примената на такви средства има слично влијание како кај сушата“, објаснува Марти Вилиамс, автор на студијата, еколог и професор на Одделот на растителна наука.
Користејќи податоци од последните 25 години и 252 временски услови, Вилиамс и неговиот тим откриле дека за добро делување на повеќето хемиски споеви пред никнување е потребно 5 до 15 см дожд во рок од 15 дена од примената. Ако не падне оваа количина, според нивните сознанија, стапките на уништување на плевелот нагло би опаднале. „Од претходно знаеме дека малку дожд после примената е пресуден за хербицидите да се внесат во почвата, но не сме знаеле за која количина точно станува збор“, напоменува тој.

Испитување на четири активни состојки на три вида плевели
Кристофер Ландау, соучесник во проектот, извршил проценка на дејството на четири вообичаени активни состојки кои се користат во средствата за уништување на плевелот во Америка – атразин, ацетоклор, S-метолаклор и емзотрион.

Освен нивното самостојно дејство, ги проучувал и комбинациите добиени со нивно мешање и тоа на три вида плевели.

Неговите анализи јасно укажале на потребата од дожд после примената. Меѓутоа, за секоја активна состојка не била потребна иста количина дожд за да се забележи делотворноста. Така, на пример на S-металоклор му биле потребни 10 до 15 см дожд за да го уништи водениот коноп, додека на ацетоклорот му биле потребни само 5 см за сузбивање на истиот тој плевел.

Понатаму, резултатите покажале дка комбинацијата на повеќе делотворни состојки ја намалуваат потребната количина дожд за успешна контрола на плевелите. На пример, кога атразинот е додаден на S-металоклор, на смесата и биле потребни само 5 см дожд за да се постигне исто ниво на контрола.

„Постојаниот развој на отпорност на активни состојки кај видовите како што се Amaranthus tuberculatus бара интегрирани мерки на сузбивање, а комбинациите на хербициди можат да бидат една компонента на таквите состави“, тврди Арон Хагер, коавтор на студијата и стручњак за растителни науки во Илиноис.

Кога научниците го разгледале влијанието на температурата на почвата на дејството на овие средства за заштита на растенијата, не дошле до многу заклучоци освен дека таа е важна кога нема дождови. Кога паднала количина дожд од 10 см или повеќе во рок од 15 дена, веројатноста за успешно отстранување на плевелот со повеќето третмани била максимизирана при секоја температура на почвата.

„Меѓутоа кога количините на вода биле под 10 см, повисоките температури на почвата ја зголемувале или намалувале веројатноста за успешно сузбивање на плевелот, зависно од комбинацијата на хербицидите“, вели Вилијамс.

Заклучок, американските научници препорачуваат тие да се користат во комбинација и апелираат до земјоделците при одлуката за нивна примена да водат сметка за временската прогноза и да следат кога и колку ќе падне дожд.

Фев 21, 2023agrotim3
Откријте ги сите благодети на целерот, моќен борец против голем број сериозни заболувањаКина започнува да произведува ГМО пченка

Напишете коментар Откажи одговор

21/02/2023 Растително производстводожд, хербициди134

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019