Кога луѓето би знаеле дека оваа не толку популарна намирница на нашите простори во својот состав изобилува со голем број витамини и минерали, многу почесто би ја внесувале во својот организам преку исхраната.
Целерот е исклучително богат со растителни влакна, поради кои кога ова растение ќе го внесеме во нашиот организам, се чувствуваме заситени, што многу помага да спречиме прејадување, кое е една од причините за покачување на телесната тежина. Меѓу другото, целерот е преполн со многу витамини, кои го зајакнуваат имунитет, но и мускулното ткиво, а сокот од ова растение важи за моќен борец против појавата на сериозни заболувања. Покрај тоа, овој сок е и одличен додаток во исхраната.
Сок од целер
Сокот од целер е исклучително квалитетен и препорачлив да се пие, поради фактот што во неговиот состав се наоѓа многу мала количина шеќер и калории, а за разлика од сите други овошни и зеленчукови шејкови и сокови, веднаш делува на подобрување на нашето расположение и не дозволува да бидеме поспани, што честопати се случува кога ќе пиеме друг напиток од овошје или зеленчук.
Витамин А

Целерот е исклучително богат со витамин А, кој пак има клучна улога во зачувувањето на видот. Исто така, овој витамин ги штити очите од надворешна појава на бактерии и вируси што го иритираат окото, прават надувување на очните капаци и неконтролирано солзење. Витаминот А исто така помага во спречувањето на намалувањето на видот, појава што многумина ја поврзуваат со годините.
Го намалува ризикот од појава на рак
Целерот содржи лутеолин, а неодамна е докажано дека токму тој елемент помага во намалување на моќноста на клетките на ракот, притоа ослабнувајќи ги ѕидовите на клетките, што помага при нивно побрзо уништување во процесот на лекување.
Железо и магнезиум
Целерот е исклучително богат со витамини и минерали какви што се железото, магнезиумот и натриумот, кои на сокот на целерот му даваат исклучително алкални својства. Со други зборови, јадењето целер или пиењето на неговиот сок, може да ја неутрализира киселата средина во нашиот организам, киселините кои се создаваат во желудникот, па дури и да ја намали киселоста на храната што ја јадеме. Поради ваквите својства, целерот многу помага во одржувањето на pH-рамнотежата во организмот. Консумирањето на многу кисела храна може да предизвика здравствени проблеми какви што се ослабување на коските, појава на камења во жолчката или во бубрезите и сл.
Исто така, целерот е преполн со калиум, кој има значајна улога во голем број процеси во телото, а научниците веруваат дека калиумот е трет по важност минерал за добро и нормално функционирање на организмот.

Го намалува ризикот од појава на дијабетес тип 2
Дијабетесот тип 2 важи за здравствен проблем на современиот свет, кој е тесно поврзан со современото и брзо темпо на живеење. Проценето е дека до 2030 година, повеќе од 400 милиони луѓе во светот ќе го имаат ова заболување.
Целерот е еден од начините за да се намали можноста за појавата на овој тип дијабетис, па токму затоа е препорачливо редовно да го има на трпезата.
Ако целерот ви служи само како додаток на супата или варивата и не ви паѓа напамет што да правите со него, крајно време е да научите нешто повеќе за овој неправедно запоставен зеленчук.
Најчесто има два вида целер – коренест и листест. Од коренестиот се користи само коренот, а листовите како зачин, додека од листестиот се користат крцкавите стебленца.
Прекриен со влакненца и со остатоци од земја, целерот не изгледа привлечно, но тоа не значи дека треба да го заобиколите. Во овој корен се крие богат и ароматичен вкус, кој ќе збогати многу јадења, а добар е и како прилог.
Целерот лесно се вари и има двојно помалку калории од компирот, а 100 гр корен од целер содржи 40 калории. Одличен извор на витамини е, а останатите потребни минерали и витамини ги содржи во помали количини. Има диуретско дејство, а помага при надуеност и стомачни тешкотии.
При избор на корен од целер водете сметка да е цврст на допир, а ако има остатоци од стебленцето, мора да бидат свежи. Со стоење целерот губи боја и брзо оксидира, но губи и вредни нутритивни состојки, па не го купувајте сечен, туку изберете цел корен.
Ако купувате стебленце со листови, мора да бидат светлозелени и крцкави. Коренот од целер може да се чува во фрижидер неколку недели, а стебленцата во кесичка во фрижидер можат да стојат до една недела.
Целерот може да се јаде и суров, исечен на стапчиња како грицки, со некој сос или додаток на салата. Исечен на тенки ленти може да е главна или придружна состојка во разни јадења. Исечете го на коцки, сварете го со пире и тоа нема да биде веќе здодевен прилог. Печете го во рерна, додајте го на кремасти супи, ризото…
А ако сакате крцкав целер, направете чипс – коренот од целер исечете го на тенки листови, валкајте ги во брашно, потоа во јогурт, па пак во брашно и пржете ги во сад со длабоко масло. Посолете ги и сервирајте ги со некој освежителен сос.