Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кина започнува да произведува ГМО пченка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кина започнува да произведува ГМО пченка
Агровести

Кина започнува да произведува ГМО пченка

Објавено 21/02/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кина годинава ќе посее помалку од еден процент од површините со генетски модифицирани сорти пченка, ексклузивно објави Ројтерс, цитирајќи два извора запознаени со плановите. За оваа намена Министерството за земјоделство издвоило 267.000 ха.

Неколку сорти на ГМО пченка ќе се сеат во провинциите Монголија, Џилин, Хебеј и Јунан.

Кина со децении ги проучувала ГМО прехранбените култури, но досега не го одобруваше нивното сеење поради противењето на технологијата, иако дозволуваше увоз на ГМО соја и пченка за добиточна храна и одгледување ГМО памук. Планот за сеидба се уште не е претставен во јавноста, поради што изворите говорат за него под услов да останат анонимни.

Според официјалните податоци, лани во Кина имало 43 милиони хектари под пченка, а приносот бил 277 милиони тони. И покрај спорувањето на технологијата, побарувачка постои. Нелегално посеаната ГМО пченка сочинувала околу 70 отсто од кинеската житница на североисток.

На странските компании не им е дозволено да ги продаваат овие семиња, дозволено им е само на домашните. Вредностите на акциите на компаниите за семиња паднаа откако забелешките во документот за рурална политика од 2023 година објавен од кинеската влада беа земени како знак за поконтролирано ослободување на ГМО технологијата.

Претседателот Си Џинпинг ја поддржува употребата на оваа технологија, за која вели дека е „клучна за зајакнување на безбедноста на храната“. Настаните на глобално ниво, како трговските тензии, нестабилното време и воените конфликти, ја зголемија загриженоста. Потребно е да се обезбеди храна за 1,4 милијарди жители.

Од 2019 година, одобрени се 14 генетски промени на пченката. Имплементирани се нови прописи за поддршка на оваа технологија, што сигнализира промена. Најавено е дека и покрај забрзувањето на комерцијализацијата на ГМО пченката и сојата, пробната површина ќе биде соодветно проширена и ќе се регулира управувањето со сеидбата.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:ГМОпченка
Претходен напис Што значи недостатокот на врнежи за делувањето на хербицидите?
Следен напис (ФОТО) Започна асфалтирањето на патот кон Езерото Младост
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?