Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Колку долго живеат поедини овошки и колку долго раѓаат? Еве ги одговорите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Колку долго живеат поедини овошки и колку долго раѓаат? Еве ги одговорите
Растително производство

Колку долго живеат поедини овошки и колку долго раѓаат? Еве ги одговорите

Објавено 15/11/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Квалитетот на почвата, количината на сонце, кастрењето, ѓубрењето, наводнувањето и дезинфекцијата на алатките за кастрење може да го продолжат или скратат животниот век на овошките во нашите овоштарници.

Колку долго живеат и колку долго раѓаат поединечни овошки?
Во продолжение краток преглед на времетраењето на одредени овошни видови, се разбира доколку добро се грижите за нив.

Јаболко 10-100 години. Бактерискиот палеж најчесто ѝ го скратува животниот век. За да го избегнете, секогаш дезинфицирајте ја алатката при режењето.

Кајсија 10-30 години. Тешко е да ја одржувате во живот долго време бидејќи е многу подложна на габични заболувања. Почвата секогаш мора да биде добро дренирана и алатот да се дезинфицира.

Каки јаболко 30-50 години. Чувствителна е на рамнотежата на хранливите материи во почвата и вишокот на азотни ѓубрива. Во почвите со висока pH вредност, јаболкото каки останува без доволно железо, што резултира со хлороза.

Цреша 10-25 години. Слично на кајсијата, таа е многу подложна на габични заболувања, особено ако е засадена на слабо дренирана почва.

Цитруси 40-80 години. Идеално би било за нив температурата постојано да биде помеѓу 15 и 30°C, бидејќи не го сакаат студот. Во студената сезона, тие треба да се завиткаат во агрофолија или да се внесат во затворен простор.

Смоква 30-50 години. Ќе живее подолго ако нејзиниот корен има шанса да се исуши пред следното наводнување или дожд, па затоа треба да се внимава на дренажата.

Киви 50-70 години. Сака сончево место заштитено од ветер и не поднесува студени зими и висока влажност.

Винова лоза 50-100 години. Слично на смоквите, тие најдобро ќе се развиваат на високо дренирана почва.

Нектарина 10-25 години. Чувствителна е на габични патогени ако е засадена на слабо дренирано место.

Маслинка 100+ години. Сака растресита почва со добра дренажа.

Праска 10-25 години. Праската ги има истите барања како кајсијата, нектарината и црешата.

Круша 10-100 години. Најмногу е подложна на бактериска палеж, затоа треба да се внимава да се дезинфицира алатот.

Слива 10-25 години. Сака добро дренирана почва и е подложна на габични заболувања.

Дуња 10-100 години. Најподложна е на бактериски палеж.

Малина 5-10 години. Потребно е редовно кастрење за да не се задуши грмушката и да не се спречи протокот на воздух.

Јагоди 3-4 години. Циркулацијата на воздухот е важна, затоа отстранете ги старите лисја и изданоци.

Капини 5-10 години. Доколку не се крои редовно секоја година, ќе се намали циркулацијата на воздухот низ грмушката и ќе се појават габични заболувања и ќе им се скрати животниот век.

Боровинка 30-50 години. Претпочита кисела почва со многу органски материи, ладна и со многу влага. Идеално би било да се измешаат еднакви количини тресет и компост и да се одржи што е можно подебел слој мулч околу грмушката.

Рибизли 10-20 години. Им пречи топлата и сува клима, па најдобро е да ги засадиме во сенка.

Извор: agrosavjet.com

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:живеатовошкираѓаат
Претходен напис Подготовки за рана сеидба на зеленчук на отворено – од кромид, моркови, магдонос, грашок, спанаќ, блитва, ротквица
Следен напис (Видео) 13.000 бали на ден – Погледнете како изгледа XXL балирање на фарма во Америка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?