Врз основа на член 31 став 7 од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на
Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11 и 126/12), министерот за земјоделство, шумарство и
водостопанство донесе
ПРАВИЛНИК ЗА ПОБЛИСКИТЕ УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ ОТКУПУВАЧИТЕ
НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ И ПОБЛИСКИТЕ УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ
ОТКУПНИТЕ МЕСТА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ
Член 5
(1) Откупот на жита и маслодајни семиња се врши на мобилно откупно место, на постојано откупно место или во преработувачки капацитет.
(2) Откупувачот за да врши откуп покрај условите од член 4 од овој правилник треба да ги исполнува и следните услови:
– да располага со објекти за прием (кип платформа, приемен бункер, машинска куќа и комора или вреќи за отпадоци),
– објекти за подно складирање (во тенки слоеви, во вреќи или во контејнери) или во силокули за складирање во непакувана (рефусна) состојба со капацитет од 200 -1.000 тони на една силокула
– да располага со опрема за преземање (статична вага со капацитет на мерење до 50 тона или мобилна вага со капацитет на мерење над 200 кгр. и опрема за чистење на зрното), опрема за оценка и сортирање на квалитетот на зрното при прием и излез (влагомер, апарат за определување на хектолитарската маса, апарат за мерење на присуство на примеси или сито со отвори од 2,8 мм за определување на примеси),
– доколку врши складирање во силокули да располага со опрема за квалитетно складирање (мерни проточни ваги, хоризонтални и вертикални елеватори за транспорт на зрното до ќелиите),
– доколку врши откуп на нелупен ориз треба да располага со опрема за преземање (статична вага со капацитет на мерење до 50 тона или мобилна вага со капацитет на мерење над 200 кгр. и опрема за чистење на зрното), опрема за оценка и сортирање на квалитетот на зрното при прием и излез (влагомер).
(3) Доколку откупот се врши на постојано откупно место, откупувачот треба да ги исполнува условите од алинеја 2 и 3 од став (2) од овој член и да располага со соодветно транспортно средство за жита или маслодајни семиња.
(4) Доколку откупот се врши на мобилно откупно место, откупувачот треба да располага со статична вага со капацитет на мерење до 50 тона или мобилна вага со капацитет на мерење над 200 кгр., влагомер, апарат за определување на хектолитарска маса, апарат за мерење на присуство на примеси или сито со отвори од 2,8 мм за определување на примеси и соодветно транспортно средство за жита или маслодајни семиња.
(5) Доколку откупот се врши на мобилно откупно место, откупувачот на нелупен ориз треба да располага со статична вага со капацитет на мерење до 50 тона или мобилна вага со капацитет на мерење над 200 кгр., влагомер и соодветно транспортно средство за жита.
https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/legislativa-mzsv-file-0sPl.pdf
