Една од предностите на раното есенско орање е тоа што во текот на зимата, под влијание на ниски температури, се создава фина ронлива структура, што ја олеснува подготовката на почвата во пролет и овозможува навремено сеење.
Најважната задача на есенската обработка е да се доведете земјиштето во таква состојба што може да ги прима и да ги зачува зимските врнежи. Исто така, втората цел е да се олесни подготовката пред сеидба за културите што ќе се одгледуваат во пролет. Оптималната и економична длабочина на есенското орање се менува не само во зависност од видот на почвата, туку и од барањата на индивидуалните култури.
Главните предности на раното есенско орање се:
-поголема акумулација и складирање на зимска влага затоа што зимските резерви се постојан извор на влага во почвата;
-при есенското орање, горниот слој на почвата, со воведено минерално ѓубриво NPK, се превртува и се фрла на дното на браздата, за ѓубривото да стигне до зоната на кореновиот систем, а почвата да се одмори и да се обнови, а долниот слој кој е зачуван од газење, со зголемена содржина на хранливи материи, се исфрла на површината;
-семето на плевелите се поместува на поголема длабочина со есенското орање и од таа длабочина не можат да ‘рти во пролет;
-во текот на зимата, под дејство на ниски температури, се создава фина ронлива структура, што ја олеснува подготовката на почвата во пролет и овозможува навремено сеење;
-ронливата структура условува поволен термички и воздушен режим на почвата, што овозможува брзо и изедначено никнување на посевите.
Важно е да се напомене дека по длабоко орање во есен, пожелно е грубо да се затворат браздите со „тањирача“ за да се намали површината на почвата за замрзнување, кое потоа ќе биде порамномерно за да се спречи задржувањето на водата во депресиите и почвата да биде порамна, што дополнително ќе ја олесни пролетната фина подготовка за сеење на пролетни култури, особено оние што се сеат во рана пролет.
