Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кое овошје можете да го калемите?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Кое овошје можете да го калемите?
Совети

Кое овошје можете да го калемите?

Објавено 05/11/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Калемењето овошје е стар занает од неколку стотици години но интересот за него со текот на времето опаднал па затоа денес многу малку луѓе професионално се занимаваат со тоа. Сепак постои потреба за тоа а овде ќе ви објасниме кое овошје може да се калеми.

Калемењето е специфично бидејќи  не може да се калеми секоја овошка и оваа област е пообемна, најпрво затоа што постојат повеќе начини на калемење а секоја постапка има свои правила. Постои калемење на папка, на конус, на лист, под кората….

Кое овошје може да се калеми?

Калемите се овошни видови од ист род но различна сорта.

На пример, речиси сите сорти на цитруси се меѓусебно компатибилни за калемење. Било кои две сорти овошки од родот Prunus, како што се јаболко, цреша и слива, исто така добро одговараат ако се калемат заедно. Кај нас најчесто се калемат слива, јаболка, круша, праска, дуња, цреша и вишна. Меѓутоа според стручњаците во некои случаи калемењето е едносмерно. Така на пример, иако кајсијата може да се калеми на слива, сливата не може да се калеми на кајсија.

Доколку ве интересира токму калемењето на сливата, треба да се знае дека џенариката е одлична подлога за калемење на слива и кајсија. Исто така, вишната може да се калеми на цреша, но обратно не е возможно.

Освен ова овошје, можат да се калемат и други видови, па така аронијата може да се калеми на неколку видови подлога а една од нив која најчесто се користи е еребика. Калемењето аронија на еребика дава поквалитетен род.

Доколку се калеми орев, можат да се добијат поквалитетни садници и постабилен принос. Со калемење на расад од бостан се постигнува подобар квалитет на плодовите и поголем принос.

Исто така  во пракса е распространето и калемење на виновата лоза за да се добие добра основа. Исто како кога ѕидате куќа, ако темелот не е добар, нема да биде добра куќата па ниту грозјето.

Исто така оваа техника се користи и за размножување на лозата бидејќи по овој пат се добива млада лоза, која по своите морфолошки карактеристики е скоро идентична на родителот од кој се добива. Со појава на болеста филоксера најчесто се калемат домашните сорти лоза на американска подлога која е отпорна на филоксерата.

Кај калемењето овошје е важно подлогата да е здрава и без оштетувања.

Кај дрвенестите овошја наједноставна техника на калемење е т.н „под кора“. Оовој вид на калемење се користи кога во својот двор сакаме да имаме некоја автохтона сорта на овошје или кога сакаме во дворот или овошните насади една сорта да ја замениме со друга.

Извор: Агромедиа

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:калемењеовошјесорта
Претходен напис Првата Diners Club картичка дизајнирана од студенти на Brainster Next и NU Академиите
Следен напис УХМР: Преку ден облачно со сонце, од вечер повторно дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?