Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Првата Diners Club картичка дизајнирана од студенти на Brainster Next и NU Академиите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Првата Diners Club картичка дизајнирана од студенти на Brainster Next и NU Академиите
Агровести

Првата Diners Club картичка дизајнирана од студенти на Brainster Next и NU Академиите

Објавено 05/11/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Diners Club Macedonia стана првата франшиза на Diners Club International која создава своја картичка дизајнирана од студенти.

Што ако имаш само 48 часа за да направиш дизајн и маркетинг стратегија за реален клиент?
Тоа беше предизвикот што студентите од Brainster Next College и NU High School Academy го прифатија на првиот Diners Club Hackathon Weekend.

Реален клиент: Diners Club Macedonia.
Реален предизвик: Да се редизајнира изгледот на картичката и да се создаде маркетинг стратегија за новата Diners Club картичка за млади под 27 години.

48 часа, без пауза со идеја што направи историја. 

Во само еден викенд, студентите работеа во тимови и создаваа решенија кои ги спојуваат дизајнот, маркетингот и стратегијата.
Од истражување на конкуренција, развој на концепт, до визуелен идентитет и промотивни материјали, нивните идеи беа вистинскo oсвежување за бренд со повеќе од 75 години традиција.

Финалниот момент беше голем: тимовите ги презентираа своите решенија директно пред претставниците на Diners Club Macedonia, меѓу кои и Тони Јанковски, Product Development and Innovation, кој изјави:

„Решивме да соработуваме со Brainster Next и NU Академиите затоа што веруваме во студентите и нивниот потенцијал. Ова е уште една шанса да се докажат и да направат реален импакт на пазарот.“

Победниците — новите дизајнери на Diners Club картичката 🏆

По интензивниот хакатон, Diners Club Macedonia го избра победничкиот тим, студентите чии идеи ќе станат дел од новата Diners Club картичка за млади.
Тимот освои вредносен ваучер од Diners Macedonia, а сите останати учесници добија подарок ваучери од Sport M како благодарност за нивниот труд и креативност.

Но тоа не е крајот.
Како што откри Весна Терзиевска, Sales Director на Diners Club Macedonia, оваа соработка допрва почнува:

„Ова ни е прва ваква соработка и се надевам дека нема да биде последна. Ќе продолжиме да работиме со студентите и следната година. Diners International се воодушевени од дизајнот и кампањата.“

Со овој проект, Diners Club Macedonia стана првата франшиза во светот која создава своја Diners Club картичка дизајнирана од студенти.

„Излеговме од рамките на зададеното. Студентите донесоа нова енергија, свежина и идеи,“ – додаде Терзиевска.

Победничкиот тим ќе продолжи да соработува со маркетинг агенцијата и Diners Club на финалното лансирање на новата картичка, која ќе ја видиме наскоро!

Новата генерација што го менува правилото на игра 🎯

„Јас мислам дека добивме многу добра шанса со тоа што работевме за Diners Club и за ваков проект. Горд сум на нашето решение и сите сме среќни дека ќе можеме да продолжиме да работиме на стратегијата за ваков клиент како Diners Club,“ – Јордан Јосифов, дел од победничкиот тим и студент на програмата UX/UI и графички дизајн на Brainster Next College.

Овој хакатон покажа што значи вистинско практично образование:
да имаш клиент, рок, притисок и тим  и да создадеш нешто реално.
Diners Club доби нова перспектива, а студентите сосема ново професионално искуство


Овој проект е и доказ дека иднината на брендови со традиција може да ја дизајнираат оние што штотуку започнуваат своја.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Дајнерскартичкамладинов дизајн
Претходен напис Во АХВ состанок на експертската група за болеста Африканска чума кај свињите
Следен напис Кое овошје можете да го калемите?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?