Калемењето овошје е занает стар неколку стотини години, но интересот за него со текот на времето опаднал, па денес многу малку луѓе се занимаваат професионално со калемење. Сепак, постои потреба од калемење, а во продолжение можете да дознаете кое овошје може да се калеми.

Калемењто овошје е специфично бидејќи не може да се калеми секое овошје, најпрво затоа што постојат повеќе начини на калемење, а секоја постапка има свои правила. Постои калемење на папка, на конус, на лист, под кората…
Кое овошје може да се калеми?
Се калемат овошни видови со ист род, но различни сорти. На пример, скоро сите сорти на цитруси се меѓусебно компатибилни за калемење. Кои било две сорти овошки од родот прунус, како што се јаболко, цреша и слива, исто така добро се согласуваат ако се калемат заедно.
Во нашата земја најчесто се калеми слива, јаболко, круша, праска, дуња, цреша и вишна. Меѓутоа според зборовите на стручњаците, калемењето е еднонасочно. Така на пример, иако кајсијата може да се калеми на слива, сливата не може да се калеми на кајсија.

Доколку токму калемењето на слива ве интересира, терба да знаете дека џенариката е одлична подлога за калемење на слива и кајсија. Исто така вишната може да се калеми на цреша, но обратно не е можно. Освен ова овошје, можно е да се калемат и други видови, па така аронијата може да се калеми на неколку видови подлога, а една од нив која најчесто се користи е еребика. Со калемење на аронија на еребика се добива поквалитетен плод.
Доколку се калеми орев, можат да се добијат поквалитетни садници и постабилен принос. Со калемење на расадот со бостан се постигнува подобар квалитет на плодовите и поголем принос. Доколку ве интересира, тука може да дознаете како се калеми бостан.
Во пракса е распространето калемење на винова лоза за да се добие добра основа. Исто како кога ѕидате куќа, ако темелот не е добар, нема да биде добра ни куќата, односно грозјето. Оваа техника се користи и за размножување на лозата, бидејќи по овој пат се добива млада лоза, која по своите морфолошки карактеристики скоро е идентична на родителот од кој се добива. Со појавата на болеста филоксера, најчесто се калемат домашни сорти на лоза на американска подлога, која е отпорна на филоксера.

Кај калемењето е важно подлогата на овошјето да е здрава и да е без оштетувања.
Кај дрвенестите овошки наједноставна техника на калемење е тнр. „под кора“. Овој вид на калемење се користи кога во својот двор сакаме да имаме некаква автохтона сорта на овошје или кога сакаме во дворот или овошните насади една сорта да ја замениме со друга.
Калемењето „под кора“ се применува кога кај овошката подлогата е подебела од гранките овошје кои сакаме да ги накалемиме.
Извор: agromedia.rs
