Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дали најавеното заладување ќе предизвика штета кај зимските посеви?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дали најавеното заладување ќе предизвика штета кај зимските посеви?
Агровести

Дали најавеното заладување ќе предизвика штета кај зимските посеви?

Објавено 11/02/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нестабилноста на месец февруари, овие денови се покажува во вистинско светло. Во неколку наврати, температурата од вообичаените ниски вредности во овој период од годината, се покачи до неверојатни 15 до 20 степени. Експертите велат дека, најавеното заладување, не би требало да предизвика големи штети на зимските посеви кои се во состојба да преживеат длабоки минусни темеператури. Тоа пред се се однесува на пченицата.

„Пченицата насеана во октомври сега е во фаза на никнување. Повеќето такви култури, кои беа насеани пред оптималното време за сеидба, се надпросечно развиени”, Објаснува проф. д-р Георг Дрезнер, раководител на Одделот за размножување и генетика на мали житни култури при земјоделскиот институт во Осиек.

Бидејќи во овој период има доволно влага, проблемот може да се појави кај потешките и погусти почви, каде што не се ископани канали за одводнување или нема наклон кон каналите за одводнување. Професор Дрезнер, осврнувајќи се на временските услови во Хрватска, вели дека надпросечните температури од изминатата недела предизвикаа раст на пченицата и ја ослабнаа нејзината отпорност на многу ниски температури, но не толку многу за да не може да издржи ниски температури од околу -10 степени.

„Со оглед на ниските температури кои се очекуваат и кои следуваат по надпросечните топли денови, дури и ако нема снежна покривка, не се очекува оштетување на виталните органи на растението“, тврди тој и објаснува дека ако не се создаде снежната покривка, би можело до дојде до оштетување самона врвовите на лисјата од пченица, но тоа растенијата лесно ќе го надоместат.

Од ниски температури, најмногу се плашат овоштарите, но искусните производители велат дека е рано за паника, бидејќи овошните дрвја претежно се уште се во фаза на мирување. Иако некои пупки веќе се набрекнати, соковите во овошните дрвја сè уште не започнале да циркулираат со полна пареа, така што тие нема да ги достигнат овие пупки и да замрзнуваат во нив.

„Ако пупката е затворена, нема да се случи ништо дури и на -10 степени“, велат овоштарите, бидејќи, високите температури не траеле долго и овошните дрвја се уште не се „разбудиле“.

Сепак, одгледувачите на кајсии се плашат, затоа што некои дрвја се наоѓаат во „розова“ фаза на пупките од кои на некои места веќе излегуваат ливчиња од цвет и сепак нема да можат да издржат на поголемите минусни температури подолго време. Но, сега е тешко да се процени колку може да бидат погубни и да се превидат последиците.

Претстојниот период на ниски температури, земјоделците треба да го искористат за првото прихранување на зимска пченица, за која експертите препорачуваат само азотни ѓубрива.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:заладувањезимски посевимрзнење
Претходен напис Kое овошје може да се калеми?
Следен напис Нова сорта сливи одлични за сушење
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?