Во секое годишно време, во секој момент, во својот дом, можете да имате свеж млад кромид кој лично сте го посадиле.
Постојат неколку начини сами да одгледате по некој вид зеленчук дома, кој ќе го користите во исхраната. Ви донесуваме одличен пример на кој особено ќе бидете горди.
Ова е едноставен метод со кој секогаш ќе имате свеж и штотуку набран млад кромид во било кое време од годината.

Исечете го коренот
Кромидот главно се продава со пуштени кроени што е идеално за повторно одгледување. Исечете ги краевите на кромидот, така да, освен корените, остане и дел од белата главичка. Остатокот од кромидот искористете го како што сте планирале.
Ставете ги главичките во вода
Чинијата во која ги ставате главичките не смее да биде предлабока за тие целосно да не потонат а потоа и да изгнијат, а не смее да биде ниту премногу плитка за кромидот да не се исуши. Поставете ги корените надолу така да дел од главицата ѕирка од вода.
Ставете ги на сончево место
Растенијата сакаат светлина така да, би било идеално кога вашиот кромид би го ставиле на светол прозорец.
Менувајте ја водата
Потребно е водата да ја менувате секој втор ден односно кога ќе се замати. Ако забележите дека водата е матна веднаш заменете ја. На кромидот за растење му е потребна чиста вода.
Набрзо ќе забележите дека вашите главички почнале да растат и да пуштаат зелени изданоци. Кога кромидот ќе достигне отприлика десет сантиметри време е за сечење.
Имено, доколку го оставите во вода, кромидот набрзо ќе престане да се шири, но сепак можете да го исечете и да го користите за време на готвење и подготовка на јадења. Ако сакате повеќе кромид, преселете го во земја во која ќе нарасне повеќе, а може да пушти и цветови кои потоа ќе може да ги користите во салатите.
Извор: Мagazin.novosti.rs
