Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кирил Илиев: Имаме 150 пластеници со зелка и пиперки, задоволни сме од производството, има работа но и бенефит
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агросектор > Кирил Илиев: Имаме 150 пластеници со зелка и пиперки, задоволни сме од производството, има работа но и бенефит
Агросектор

Кирил Илиев: Имаме 150 пластеници со зелка и пиперки, задоволни сме од производството, има работа но и бенефит

Објавено 21/12/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во атарот на село Муртино се наоѓаат 150 пластеници на Кирил Илиев насадени со рана зелка. Професионално изработено, со сите агротехнички мерки, со употреба на квалитетно семе, заштита, прихрана, наводнување и се друго што е потребно за висок и квалитетен принос.

-Имаме 150 пластеника На 26.11.2024г. зелката ја насадивме во топли леи контењери од по 70 дупки. Потоа ја расадуваме на стално место во пластеници. Тоа го вршиме од почетокот на месец декември, од 01.12.2024г. па за неколку дена завршивме со расадување и сега ја надгледуваме како се развива и ја штитиме од ниски температури. Очекуваме берба во почетокот на март месец. Раната зелка има скромни температурни барања и поднесува краткотрајни ниски температури до -2 степени, притоа ние ја заштитуваме со агрил без носечка конструкција – вели Илиев за Агротим.

Тој со години е соработник со компанијата З – Пласт од каде ги набавува сите потребни репроматеријали почнувајќи од семе, ѓубрива, фолија, системи за наводнување и заштитни средства.

– Репроматеријалите ги набавуваме од компанијата З-Пласт од село Муртино. Се што е поврзано за едно производство од семенски материјали па целосен асортиман на вештачки и органски ѓубрива, целата заштита за нашите растенија и производи: фолија, систем за наводнување капка по капка и слични работи кои ни се потребни за нашето производство ги набавуваме од компанијата З-Пласт с. Муртино. За висок принос мора да се употребуваат квалитетни репроматеријали и да се извршуваат сите агротехнички мерки, ако сакаме да имаме добар род кој потоа ќе може да добие и повисока цена – изјави Илиев.

150 пластеници се навистина голема бројка и тоа бара работа и ангажирање на работна рака. Целата фамилија е ангажирана околу производството, а кога има потреба се ангажираат и 6- 8 сезонски работници.

-Ние сме четворица од нашата фамилија кои секојдневно сме анагжирани за нашето производство, по потреба и работници од 6 до 8 луѓе, сѐ во зависност од потребите кои ги бара производството. Работа има многу, но она што е за нас најважно, пласманот на зелката и другото производство ни е решено од компанијата З-Пласт од с. Муртино, со реални пазарни цени со брза и навремена исплата на нашиот труд – вели Илиев и додава дека на истата површина потоа произведуваат црвена пиперка, ајварка и од двете култури годишно имаат преку 200 тони род.

– Задоволни сме, особено во последниве години добро се заработува. Но бара многу труд, внимание и посветеност. Ние сме сконцентрирани на тоа и го работиме професионално и затоа имаме бенефит и резултати. Договорното производство е најдоброто решение за наз, земјоделците – заклучува Илиев.

Може да ви се допадне

Сали: Новата транша од ЕК е постигнување на Владата и најдобар доказ дека кога постои јасна визија и конкретна работа, државата оди напред
Намаз од модар патлиџан и пиперка
Светски ден за безбедност и здравје при работа
БАНКИ кои нудат ЗЕМЈОДЕЛСКИ КРЕДИТИ: Услови, камати, контакти…
Трипуновски: Извозот на земјоделски производи за 2025 изнесуваше 416,7 милиони евра, раст од 85 милиони евра 
Таг:Земјоделствопиперкапласманработа
Претходен напис Почна зимата
Следен напис Мицкоски: Во јануари очекувам фирмите да подигаат пари од унгарскиот кредит
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?