Врз основа на Решението за одобрување на ловење на дивеч под заштита и преземени мерки од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во однос на појавата на африканска чума кај свињите донесено од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство бр.50-8629/1 од 30.08.2022 година и Решението на АХВ за контролни и заштитни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите бр. 10-2257/2 од 03.08.2022 година и изменте и дополнувањата на ова Решение, Јавната установа Национален парк Галичица донесе ОДЛУКА ЗА ЛОВНИ ДЕНОВИ (КАЛЕНДАР НА ЛОВНИ ДЕНОВИ).

Засилениот санитарен лов на диви свињи во границите на Национален парк Галичица ќе се спроведува во текот на месеците ноември и декември 2022 и месец јануари 2023 година, почнувајќи од 01.11.2022 заклучно со 31.01.2023 година. Деновите во кои ќе се спроведува засилениот санитарен лов дадени се во прилог 1 на оваа одлука.
Засилениот санитарен лов на диви свињи ќе се спроведува согласно член 3 од Решението за одобрување на ловење на дивеч под заштита и преземени мерки од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во однос на појавата на африканска чума кај свињите донесено од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство бр.50-8629/1 од 30.08.2022 година и точките 5.8, 5.9, 5.10, 5.11 и 5.12 од Решението на АХВ за контролни и заштитни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите бр. 10-2257/2 од 03.08.2022 година и изменте и дополнувањата на ова Решение под бр. 10-2257/11 од 26.08.2022 година.
За секоја евентуална промена на ловниот ден, Јавната установа Национален парк Галичица ќе испрати писмено известување.
