Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Викенд куќите од Брушани на Тиквешкото Езеро се приклучуваат на водоводниот систем


Во континуитет, општина Кавадарци работи на реализација на проект, кој овозможува водоснабдување на населбата Брушани на Тиквешкото Езеро.

По завршувањето на проектот за главната водоводна линија во оваа населба, во должина од 4755 метри примарна мрежа и секундарна мрежа од 10627 метри, се приклучуваат викенд куќите на водоводниот систем. Планирани се околу 600 приклучоци.

Проектот се реализира во три фази. Парите во висина од 26 милиони денари, за првите две фази беа обезбедени преку ТАФ програмата, како грант за општина Кавадарци, а и општината учествува со свои средства во висина од 5 милиони денари за индивидуалните приклучоци.

„После 20 години за прв пат општината реализира ваков поголем проект за водоснабдување надвор од градот. Моја лична тенденција е сите викенд населби да добијат водоснадување и канализациона мрежа“ вели градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, пренесе КТВ.

Окт 28, 2022agrotim3
Календар на ловни денови за засилен санитарен лов на диви свињи на ГаличицаНиколовски: Со новиот Закон, ПРИВАТНОТО земјиште што не се обработува со години, државата ќе може да го дава под концесија

Напишете коментар Откажи одговор

28/10/2022 Рурален Развојбрушани, Тиквешко езеро212

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019