Пепелот е производ што настанува со согорување на органски материи. Уште од далечното минато се користи како најдобро калиумово ѓубриво.
Пепелот добиен од јаглен или од непознато потекло не смее да се користи како ѓубриво.
За ѓубрење на градинарски култури се користи пепел од дрвја, сончоглед, пченка, граорести растенија, слама и друг материјал од органско потекло.
Се применува за ѓубрење на киселести земјишта.
Содржи најмногу калиум и се препорачува како калиумово ѓубриво. Се заорува наесен или рано во пролет. Има продолжено дејство 2-3 години.
Извор: agrosavjet.com
