Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Како се пренесува и се шири африканската чума кај свињите?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Како се пренесува и се шири африканската чума кај свињите?
Сточарско производство

Како се пренесува и се шири африканската чума кај свињите?

Објавено 12/03/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Африканската чума кај свињите не се лекува! Смртноста кај домашните свињи може да биде и 100%.
Животните кои ќе оздрават остануваат трајни носители на вирусот.

Што е африканска чума кај свињите?

Африканска чума кај свињите е вирусно заболување кај домашните и дивите свињи кај сите старосни категории кое предизвикува големи економски загуби.

Како се пренесува и се шири африканска чума кај свињите?

Вирусот се излачува преку крв, ткива, секрети и екскрети од болни или угинати животни. Болеста се пренесува и шири со:

-директен контакт помеѓу здраво и болно животно, трупови од угинати животни и луѓе;
-индиректно се пренесува преку заразена храна и отпадоци од храна, опрема, возила и облека;
-биолошки пренос од векторот- мек крлеж од родот Ornithodoros.

Главните видови на животни кои се приемчиви на вирусот на африканска чума кај свињите се:

-домашните свињи, Европската дива свиња и Американски диви свињи;
-африкански диви свињи (Phacochoerus aethiopicus, Potamochoerus sp. и Hylochoerus einertzhageni);
-крлежите од родот Ornitodos spp.

Периодот на инкубација трае од 4 до 19 дена.

Кои се клинички знаци на африканска чума кај свињите?

Болеста се манифестира со:

-треска (40.5-42˚Ц), општа слабост, анорексија, летаргија, губење на апетит;
-црвенило по кожата;
-исцедок од носот и очите кој може да биде и крвав;
-сино-виолетово обојување и крварења по кожата во вид на кругови или поголеми површини во пределот на ушите, стомакот и нозете;
-отежнато движење и оток на зглобовите;
-повраќање;
-крвав измет;
-абортус кај гравидни животни;
-смрт кај животните за 6 до 9 дена или 11 до 15 дена, зависно од вирулентноста на вирусот;

Кои се ризиците по јавното здравје?

Луѓето не се приемчиви на вирусот и болеста.

Што се презема за спречување и контрола на болеста африканска чума кај свињите?

Мерките за контрола и искоренување на болеста се:

-забрана и контрола на движење на животните;
-убивање и нештетно уништување на заразените животни;
-чистење и дезинфекција;

Диви свињи

Дивите свињи имаат важна епидемиолошка улога во ширењето на болеста преку труповите од угинатите животни во кои вирусот опстојува долго време.

Дивите свињи се заразуваат со вирусот преку контакт со други диви свињи или преку исхрана со трупови од угинати животни, а потоа вирусот се шири во популацијата на диви свињи. Труповите од угинати диви свињи играат важна улога во одржување на вирусот во животната средина дури и кога густината на популацијата на диви свињи е ниска. Географското ширење на вирусот преку дивите свињи е 30 до 50 км/годишно.

ПРЕПОРАКИ

-Одгледувачите веднаш да пријават до ветеринарните друштва и официјалните ветеринари доколку забележат појава на симптоми кај животните!
-Доколку и кај едно животно се забележат симптоми на болеста, ниедно од животните не смее да го напушти тоа одгледувалиште!
-Од одгледувалиштето не смее да се изнесуваат животните, производи од животинско потекло, опрема, измет и ѓубре!
-Ветеринарните друштва да го зголемат нивото на претпазливост и веднаш да пријават до официјалниот ветеринар доколку забележат некои од симптомите кај животните!
-Ловците веднаш да пријават до ветеринарните друштва и официјалните ветеринари доколку забележат појава на трупови од угинати диви свињи во ловиштата!

Агенција за храна и ветеринарство

Може да ви се допадне

Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Каде исчезнаа еден милион овци и илјадници говеда за 10 години?
Правилна изградба и вентилација на шталата за поголема продуктивност на кравите
Модерен овчар: Сточарите знаат да прават притисоци ама знаат и да се заблагодарат
Кои раси се најчувствителни на маститис кај млечните крави?
Таг:африканска свинска чума
Претходен напис ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на микро и мали претпријатија
Следен напис 5 работи што треба да ги знаат новите сопственици на орхидеја
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?