Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2021 година (Сл. Весник на РСМ бр. 15/21), Министерството за економија на 10.03.2021година објави ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на на микро и мали претпријатија
Предмет на овој јавен повик е субвенционирање на микро и мали претпријатија , преку кофинансирање на 50% од докажаните трошоци, направени за следните намени:
-Набавка на опрема и алати
-Набавка и инсталација на фотоволтаични панели – затворен систем за производство на електрична енергија за сопствени потреби на претпријатието со моќност до 5kW.
За претпријатија кои се во сопственост на жени, над 50 % и управувани од жени, процентот на кофинансирање на докажаните трошоци ќе се зголеми за 10 %.
Максималниот износ на кофинансирање на трошоците е 400.000,00 денари по барател.
Ќе бидат субвенционирани докажаните трошоци за предвидените намени настанати во 2020 и 2021 година.
Право на учество имаат приватни претпријатија со мнозински домашен капитал (над 50 %), Регистрирани согласно Законот за Трговски друштва, кои ги исполнуваат следните услови:
-Не биле субвенционирани преку Министерството за економија по јавните повици објавени во 2020 и 2021 година и тоа
- Јавен повик е субвенционирање на претпријатија кои се во сопственост на жени и управувани од жени
- Јавен повик е субвенционирање на занаетчии
- Јавен повик е субвенционирање на микро , мали и средни претпријатија
-Да не го надминуваат максималниот дозволен износ од 200.000 евра од вкупно добиена помош за период од три фискални години, согласно Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (Сл. Весник на РМ бр. 141/2011).
-Да имаат работење во траење од најмалку 6 месеци пред објавувањето на јавниот повик
-Да има деловно седиште на територијата на РСМ
-Да има минимум двајца вработени на неопределено полно работно време
-Да спаѓа во категоријата на микро и мали претпријатија
-Да има измирено обврски кон државата и вработените
-Да има статус на активно претпријатие над кое не е покрената активна постапка за стечај или ликвидација
Крајниот рок за аплицирање по овој јавен повик е 16.04.2021 година.
Јавниот повик, заедно обрасците потребни за аплицирање во целост е објавен на веб страницата на Министерството за економија.
