По својот хранлив состав костените се слични на мусли од житарки. Овие плодови содржат значајна количина на минерали, влакна, масти, протеини и витамини A, Б и Ц.
Во Франција овие плодови на есента, станаа речиси национално француско јадење: нема ниедна прослава на почетокот на есента без печени костени.
Ако ви се допаѓа нивниот вкус, тука ќе ви покажеме како да ги чувате костените во домашни услови за да го зачувате вкусот и неговите корисни состојки за здравјето.
Свежите костени се чуваат на студено место само неколку дена. Ако сакате подолго да ги зачувате, тогаш морате да ги покриете со песок, па така можат да останат свежи и до неколку месеци.
Замрзнувањето останува најдобра метода
Костените можат да се чуваат во замрзнувач барем 6 месеци. Важно е да се напомене дека претходно не би требало да ги ставате во пластични кеси, бидејќи ќе се создадат услови за појава на мувла.
Најдобро ставете ги во корпа или друг пластичен сад погоден за таа намена.
Извор: bonapeti.rs