Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Како правилно да го посадите и да го одгледувате црвениот кромид
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Како правилно да го посадите и да го одгледувате црвениот кромид
Совети

Како правилно да го посадите и да го одгледувате црвениот кромид

Објавено 22/03/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Еден од омилените видови зеленчук што го одгледуваме во нашите градини е кромидот, особено црвениот.

Владимир Милутиновиќ, дипломиран инженер, објаснува зошто црвениот кромид треба да се одгледува поинаку од црниот или жолтиот, каква почва му одговара, дали бара многу кога станува збор за наводнување и кое е најдоброто растојание меѓу луковиците.

За успешно одгледување на црвениот кромид, најдобро е да имате посебно, соодветно место за него во градината. Земјиштето треба да биде квалитетно, добро обработено, иситнето и со многу хумус.

Доколку не сте во можност да додадете арско ѓубриво при подготовката на почвата, добро би било да фрлите барем минерално ѓубриво. Се препорачува NPK 3 × 15.

Кога ќе ја подготвите леата за садење црвен кромид и ќе ги ископате каналите, можете да посипете мала количина минерално ѓубриво. Доволна е една рака ѓубриво или две низ целата леа. После тоа, кромидот треба да се засади на растојание од најмалку 10 до 15 сантиметри за секое растение да има доволно количество храна што ќе овозможи правилен развој на кореновиот систем. Покрај тоа, ваквото растојание ви овозможува подоцна полесно да го ископате вашиот кромид.

За разлика од обичниот кромид, црвениот кромид бара многу кога станува збор за количината на влага. Тоа значи дека доколку сте во можност редовно да го полевате, особено во посувиот период од годината, задолжително направете го тоа. Со тоа ќе добиете поголеми и порамномерни главици.

Освен наводнувањето, важно е и редовно обработување на почвата. Имено, можно е во текот на вегетацијата да дојде до нејзино набивање, со што ќе се спречи ширењето и квалитетниот развој на коренот. Затоа, кога го наводнувате растението, пожелно е да го окопате вашиот кромид и да додадете малку хумус.

Ако правилно сте го направиле растојанието при садењето црвен кромид, ќе имате доволно простор помеѓу луковиците кој можете да ги искористите. На него можете да посеете, на пример, малку зелена салата. Како што расте кромидот, веќе ќе ја наерете и салатата, а просторот меѓу редовите повторно ќе биде празен и подготвен за окопување. На тој начин ќе ја искористите истата парцела за две култури.

Извор: agrosavjet.com

Може да ви се допадне

Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето
Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Развој на пченицата и услови за постигнување на високи приноси
Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Таг:црвен кромид
Претходен напис Како глуварчето може да се користи против пламеница?
Следен напис Во Дебар досега откупени околу 1.500 јагниња, од вкупно 20.000, колку што има за продажба
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?