Прилагодувањето на пченицата и општо на земјоделското производство на климатските услови може да се постигне со нови агротехнички методи. Ова беше потврдено со нова студија спроведена од округот Брод-Посавина во соработка со Факултетот за агробиотехнички науки во Осиек.
„Истражувавме како да се примени фолијарна прихрана со уреа за да постигнеме повисоки приноси, но и подобар хемиски состав на зрната, првенствено на протеини. Откривме и дека двапати поголеми количини од растворената уреа може да се примени во два наврати, некаде од средината до крајот на цветањето и седум до десет дена подоцна“, објасни Бранимир Шимиќ, истражувачки соработник на овој проект.
Истражувањето било спроведено на неколку локации, траело две години, а резултатите покажале одлични резултати. Протеините биле повисоки за еден до два проценти, а приносите и до два тони по хектар.
„Со ваквата примена на раствор на уреа, со квалитетот на произведеното жито одиме во втора или прва класа каде што цената е многу повисока и наместо 10.000 или 11.000 куни постигнуваме 13.500 куни по хектар“, вели Симиќ, додавајќи дека по одбивање ги трошоците, приходот е 1.500 до 2.000 куни повеќе по единица површина. „Фарма од 20 до 30 хектари може да оствари значителен профит“, нагласува тој.
Според последните податоци, годинава во Хрватска се посеала пченица на околу 145.000 хектари. На предавањето по повод презентирање на резултатите од проектот, било истакнато дека само пет до шест проценти се во премиум класа со повеќе од 15 проценти протеини, додека првата класа со повеќе од 13,5 проценти вклучува само 15 проценти од хрватската пченица.
Покрај горенаведеното, ова истражување докажало дека со поголем процент на уреа нема поголеми оштетувања на посевите, а просечните приноси се движеле од околу седум до осум тони по хектар.
Извор: agroklub.com
