Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Истражување: Помалиот внес на протеини овозможува поздрав и подолг живот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Истражување: Помалиот внес на протеини овозможува поздрав и подолг живот
Магазин

Истражување: Помалиот внес на протеини овозможува поздрав и подолг живот

Објавено 04/08/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Помалиот внес на протеини би можел да помогне за поздрав и подолг живот. Новото истражување спроведено од Универзитетот Висконсин – Медисон укажува дека умерениот внес на протеини може да има значајни здравствени придобивки, особено со стареењето на организмот.

За оваа цел биле опфатени повеќе од 300 научни студии, при што се докажало дека помалиот внес на протеини може да го намали ризикот од болести, како што се дијабетесот и ракот. Според авторот Дадли Ламинг, протеините се важни за растот на мускулите и за подобар одговор на телото при физичка активност, а преголемиот внес може негативно да влијае врз здравјето.

Анализата покажала дека храната со помалку протеини го подобрува метаболизмот кај луѓето, со намалување на масното ткиво, зголемување на енергијата и регулирање на шеќерот во крвта. Ова се должи на хормонот „ФГФ21“ (FGF21) чие ниво се зголемува по консумирањето на храна богата со протеини. Со негово лачење организмот поефикасно ја користи енергијата, подобрувајќи ги метаболичките процеси.

Според експертите, ваквата рутина не се препорачува за бремени жени, деца во развој, постари лица и лица кои закрепнуваат од тешки повреди.

„Возрасните треба да внесуваат 0,83 грама дневно, по килограм телесна тежина“, препорачуваат Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) и СЗО. 

МИА

Може да ви се допадне

Турлитава
Малиџано
Кремасто рижото со модар патлиџан
Сарма од лозови листови
Истражување: Лебарките имаат колективна меморија
Таг:Истражувањеподолг животпоздравпротеини
Претходен напис Водата во Дојранско Езеро одлична за капење според микробиолошките индикатори
Следен напис Распишан повик во Грција за проект вреден над три милиони евра за зајакнување на прекуграничната соработка и заштита на Дојранското Езеро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?