Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци неповолни, залихите на готови производи зголемени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци неповолни, залихите на готови производи зголемени
Агровести

Очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци неповолни, залихите на готови производи зголемени

Објавено 18/10/2021
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во септември 2021 година е понеповолна во однос на претходниот месец, a поповолна во однос на септември 2020 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, повикувајќи се на оценките на раководителите на деловните субјекти, состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во септември 2021 во однос на август 2021 година е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.

Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во септември 2021 година е намален за 0,2 проценти поена во однос на август 2021 година и изнесува 14,8, а во однос на септември 2020 година е зголемен за 1,8 процентни поени.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во септември 2021 година изнесува 70,2 отсто од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка со 21,6 проценти, неизвесното економско опкружување со 13,9 отсто, недостигот на квалификувана работна сила со 17,6 отсто и недоволната домашна побарувачка со 12,1 отсто.

МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:производство
Претходен напис Како да постигнете подобри приноси со поголема количина протеини во пченицата?
Следен напис Од полноќ поскапуваат горивата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?