Ако забележите куп земја во вашата градина, двор или овоштарник, нема сомнеж дека се работи за крт. Првото нешто што ви паѓа на ум е како да се ослободите од кртовите?
Во потрага по храна (црви, ларви, инсекти), кртовите копаат тунели во земјата во текот на целата година. Често се случува овие тунели да ги користат само еднаш. Но, сепак, прашањето е дали кртовите навистина се штетни?

Уништувањето на кртовите не е секогаш неопходно, бидејќи тие не ги јадат растенијата. Но, нивните тунели можат да создадат проблеми, бидејќи со копањето тунели во земјата, кртот исфрла голема количина земја на површината и на тој начин предизвикува оштетување на кореновиот систем и го уништува растот на растенијата. Кртовите, од друга страна, се корисни бидејќи ги намалуваат штетниците во почвата и вршат аерација на почвата.
Како да ги избркате кртовите?
На пазарот се достапни многу природни и еколошки средства кои можат да ви помогнат да го избркате кртот. Многу од овие природни методи не се толку ефикасни како некои хемиски, но секако природните методи се секогаш побезбедни и не и штетат на почвата.
Најефективниот и сигурен метод за контролирање на овие непријатели се стапиците. Стапиците за кртови треба да се постават во рана пролет, кога првпат ќе ги забележите тунелите или по првите есенски дождови.
Рицинусовото масло делува добро против кртови. Се применува веднаш штом се покажат тунелите во градините. Измешајте три лажици масло со 1 литар вода и со ова прелијте ја дупката. Мирисот на рицинусово масло ќе ги одврати кртовите.
Бозелот е уште еден препарат кој помага да се отстранат кртовите. Во пластичен сад ставете ги листовите, додадете вода и оставете 3-4 дена на сонце. Процедете и разредете со вода, сооднос 1:5. Наводнувајте ја почвата неколку пати и кртот ќе си замине.
Во следните видеа погледнете и други методи на справување со кртови.
