Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Јорде Јованов, мајстор за ракија во која е зачувана автентичноста на македонското грозје од Демиркапискиот регион
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Јорде Јованов, мајстор за ракија во која е зачувана автентичноста на македонското грозје од Демиркапискиот регион
Магазин

Јорде Јованов, мајстор за ракија во која е зачувана автентичноста на македонското грозје од Демиркапискиот регион

Објавено 21/03/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Приказната за Јорде Јованов од Демир Капија и неговата ракија, го инспирира и поттикнува секој човек да ја следи својата страст. По професија финансиски советник и осигурителен брокер, Јорде, кој има завршено Машински факултет, својот апетит за слобода и моќно живеење, го задоволува правејќи ја неговата ракија V’K. Агротим разговараше со Јованов за идејата, почетоците и сето она што за него претставува производството на ракија.

„Моето семејство традиционално со години одгледува лозје. Семејната традиција на производство на ракија трае повеќе од  70-80 години. Коренот на идејата е тука. Пред 7-8  години, почнав рекреативно да правам ракија, со цел да  „избегам“ од градскиот метеж. Семејното искуство, читајќи многу за начинот за одгледување на грозјето, за дестилацијата, за изборот на буриња, како и законот за акцизи што стапи на сила во 2020 година, спонтано ја наметна идејата за брендирање на производ.“

Производството е традиционално. Македонско сонце, благо демиркаписко грозје од сопствени лозови насади, традиционално занаетско производство на вински дестилат, добри дабови буриња и време. Така семејството Јованови го заокружуваат процесот на производство на ракијата. Лозовите насади се наоѓаат во месноста Дрен и месноста Прждево, Демиркаписки регион, Тиквешко виногорје.

„V’K Fine Craft Rakija, e ракија со изразено полн вкус, силна дистинктивна арома и карактер. Подготвена е без додадени вештачки адитиви и ароми и вештачки супститути на шеќер од добро одгледано демиркаписко грозје кое и ја дава нејзината автентичност и специфика. Во однос на пласманот и продажбата, во рамките на капацитетот и финансиските можности кои секогаш се најважната алка за успех во бизнисот, вложувајќи голем труд и ангажираност засега ги следиме очекуваните параметри.“, вели Јованов.

Зошто името В’К?

„В’К е дијалектичкиот изговор на зборот волк во Тиквешкиот Регион. Силата на волкот укажува на апетит за слобода и моќно живеење, воден од инстинктите. В’К ракија ве повикува да го живеете животот слободно, а луѓето водени од својот инстинкт за опуштеност, пожелно е да се релаксираат со чашка ракија.“, објасни Јорде.

Ракијата V’K ја има во малопродажни места во Скопје, ресторани и специјализирани продавници за алкохол, а од неодамна семејството Јованови има и нов производ, ракија од лаванда.

„Ракијата V’K Лаванда е подготвена со процес  на мацерација на вино Вранец и цветови од лаванда. Многу е важен е нивниот сооднос, затоа што лавандата е многу ароматично растение со силен мирис и многу етерични масла и многу е сложена при производство на чист дестилат. Малку поинаков сооднос и ќе се добие дестилат со мирис на парфем кој не би бил пријатен за консумација. Дестилацијата е во традиционален казан, каде што се дестилира и останатата V’K ракија, на ист начин, вадиме дестилат со силен процент на алкохол, околу 65+ степени. Потоа одлежува и финално се подготвува.“

Го прашавме Јованов како успева во вкусот на ракијата да ги сочува, како што вели, сите автентични својства на грозјето?

„Користејќи исклучиво наше грозје, со карактеристики на тероарот кои на ракијата и даваат препознатлив карактер, но и занаетска дестилација. Исто така, богатите природни ресурси и климатските услови и даваат интензивна арома на нашата ракија, како резултат на комбинираното влијание на медитеранска и континентална клима.“, објаснува Јованов, кој планира да ја искористи поддршката од МЗШВ за мали дестилерии и да го прошири производство со два нови производа, за што ќе ни раскаже во следната прилика.

Може да ви се допадне

Домашен сладолед од ванила со малинов прелив
Ориз со пилешко и зеленчук
Бомбици од сирење
Ликер од зелени ореви
Магариња лекуваат пациенти со психички болести во психијатриска болница во Франција
Таг:V’KВкјорде јованов
Претходен напис Со одлука на Националниот парк Шар Планина се забранува користењето ратраци за скијачки тури
Следен напис Гутереш: Да се преземат драстични мерки за намалување на штетните гасови со вложување во обновливи извори на енергија и технологија со ниско ниво на јаглерод
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?