Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Гутереш: Да се преземат драстични мерки за намалување на штетните гасови со вложување во обновливи извори на енергија и технологија со ниско ниво на јаглерод
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Гутереш: Да се преземат драстични мерки за намалување на штетните гасови со вложување во обновливи извори на енергија и технологија со ниско ниво на јаглерод
Шумарство и водостопанство

Гутереш: Да се преземат драстични мерки за намалување на штетните гасови со вложување во обновливи извори на енергија и технологија со ниско ниво на јаглерод

Последна измена: 21/03/2023 10:47
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Науката издаде „последно предупредување“ за климатската криза, бидејќи зголемените емисии на стакленички гасови го туркаат светот на работ на непоправлива штета што само брза и драстична акција може да ја спречи.

Меѓувладиниот панел за климатски промени (ИПЦЦ), составен од водечките светски научници за климата, денеска го објави последниот дел од својот шести Извештај за климатските промени. За овој сеопфатен преглед на човековото знаење за климатската криза, на стотици научници им требаа осум години и тој е долг илјадници страници. Но, сѐ се сведува на една порака – дејствувајте сега или ќе биде предоцна.

– Овој извештај е јасен повик за масовно забрзување на климатските напори од секоја земја, и секој сектор и во секоја временска рамка. На нашиот свет му треба климатска акција на сите фронтови – „сѐ, секаде, одеднаш“, рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

На разбирлив јазик, ИПЦЦ го претстави уништувањето што веќе им е нанесено на големи делови од светот. Екстремните временски услови предизвикани од климатските нерправилноти доведоа до зголемени смртни случаи, засилени топлотни бранови, милиони изгубени животи и домови уништени во суши и поплави, милиони луѓе кои се соочуваат со глад и сѐ повеќе неповратни загуби во виталните екосистеми.

Последниот дел од документот, наречен „Извештај на синтезата“ е последната ваква проценка додека светот сѐ уште има шанса да го ограничи порастот на светските температури, засега на 1,5 Целзиусови степени над прединдустриските нивоа. Сѐ над тој праг, според наводите, е климатска штета што брзо станува неповратна.

– Овој извештај е дефинитивно последното предупредување за оние 1,5 степени. Ако владите се држат до нивните сегашни политики, преостанатиот пресметан јаглерод ќе се потроши пред следниот Извештај на ИПЦЦ (во 2030 година, б.п.), рече Каиса Коснен, стручњак за клима во „Гринпис интернејшнл“.

Повеќе од три милијарди луѓе веќе живеат во областите кои се „многу ранливи“ на климатските промени, откри ИПЦЦ. А, половина од светското население се соочува со сериозен недостиг на вода барем дел од годината. Во многу подрачја, предупредува Извештајот, веќе ја достигнуваме границата до каде може да се прилагодиме на таквите тешки промени, при што временските екстреми „сѐ повеќе го поттикнуваат раселувањето“ на луѓето во Африка, Азија, Северна, Средна и Јужна Америка, како и во јужниот Пацифик.

Сепак, сѐ уште постои надеж дека надминувањето ќе остане во рамките на 1,5 Целзиусови степени, според извештајот.

– Овој Извештај на синтезата ја нагласува итноста за преземање поамбициозни активности и покажува дека ако дејствуваме сега, сѐ уште може да обезбедиме одржлива иднина за живот за сите, изјави Хоесунг Ли, претседавач на ИПЦЦ.

Температурите сега се околу 1,1 Целзиусов степен над прединдустриските нивоа. Доколку испуштањето стакленички гасови накоро достигнат максимум и ако следи брзо намалување наредниве години, сепак е можно да се избегне најлошото уништување што би следело по пораст од над 1,5 степени.

– Секое избегнато затоплување благодарение на колективните активности извлечени од нашата растечка, сѐ поделотворна група алатки е помалку лоша вест за општествата и екосистемите од кои сите зависиме, истакна Ричард Ален, професор по Климатски науки на Универзитетот на Рединг.

Гутереш ги повика владите да преземат драстични мерки за намалување на штетните гасови со вложување во обновливи извори на енергија и технологија со ниско ниво на јаглерод. Тој нагласи дека богатите земји мора да се обидат да постигнат нето нула емисии на стакленички гасови „што е можно пред 2040 година“, наместо да го чекаат крајниот рок до 2050 година. 

Може да ви се допадне

Нов проект поддржан од Зелениот климатски фонд започнува во Македонија!
Во подружницата на ЈП Национални шуми “Плачковица” , посеани се повеќе видови семе од багрем, јасен, јавор, каталпа…
Филиповски: Ќе има доволно вода од хидросистемот „Брегалница“ за полињата во Кочанско и Светиниколско
Трипуновски: Обезбедени 132.000.000 денари за обнова на инфраструктурата за НАВОДНУВАЊЕ и ОДВОДНУВАЊЕ
Рестрикции на вода нема да има, во акумилацијата „Калиманци“ има вода
Таг:климатаНаукатапредупредување
Претходен напис Јорде Јованов, мајстор за ракија во која е зачувана автентичноста на македонското грозје од Демиркапискиот регион
Следен напис (ФОТО) Како изгледа новиот трактор XXL?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?