Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Јоковиќ: Сите во регионот правиме напори да ја намалиме инфлацијата и притисокот врз стандардот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Јоковиќ: Сите во регионот правиме напори да ја намалиме инфлацијата и притисокот врз стандардот
Агровести

Јоковиќ: Сите во регионот правиме напори да ја намалиме инфлацијата и притисокот врз стандардот

Објавено 05/10/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сите во регионот правиме напори во рамки на своите можности да им помогнеме на граѓаните, да ја намалиме инфлацијата и притисокот врз животниот стандард, изјави денеска црногорскиот вицепремиер и министер за земјоделство Владимир Јоковиќ, кој учествува на настан во Скопје по повод Светскиот ден на вранецот. 

Одговарајќи на новинарски прашања како Црна Гора се справува со инфлацијата и како им помага на граѓаните, посочи дека како држава зависна од увоз на земјоделски производи во рамки на можностите прават што можат да им помогнат на граѓаните. Имаат социјални програми преку кои им помогнале на пензионерите, а се подготвува и ограничувања на цените на основните животни продукти. 

–  Несаканите глобални случувања многу влијаеја на инфлацијата и на цената на храната, а и ние како држава што е многу зависна од увоз на земјоделски производи и на храна, сме погодени. Владата во рамки на своите можности прави што може да бидат доколку е можно пониски цените на земјоделските произвоид, но кога се тие увозни, а и цените на пазарите и на берзите се високи, не може да се направи многу. Затоа имаме социјални програми преку кои колку што можевме им помогнавме на пензионерите. Ниту Македонија, ниту Црна Гора се високо развиени земји со огромен капитал и средства во буџетите. Кога би имале зошто да не дадеме? Владите постојат за да им помогнат на граѓаните, да обезбедат добро образование, здравство, безбедност, стандард… Сите во регионот се трудиме, секако нашите ресурси се ограничени, колку што можеме помагаме, верувам дека тоа се прави и во Македонија, изјави Јоковиќ.

Во тек е, како што дополни, процес за ограничување на цените на основните животни продукти, но ако нешто увезуваме од странство по одредена цена немаме можност да го продаваме поевтино.

-Тука е и цената на нафтата која се зголемува на светските берзи, а веднаш потоа влијае речиси на сите движења во стопанството. Како држави се обидуваме да ја намалиме инфлацијата и притисокот врз стандардот на граѓаните, посочи Јоковиќ, кој со неговиот домаќин,  министерот за земјоделство Љупчо Николовски се обратија на настанот по повод Светскиот ден на вранецот. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:инфлацијатаЈоковиќнапористандардот
Претходен напис (ФОТО) Презентација на ИПАРД-3 во Гевгелија
Следен напис (ВИДЕО) Земјоделецот Бајро од Виничани: Oва не е Калифорнија, ова е Македонијa
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?