Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО) Презентација на ИПАРД-3 во Гевгелија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ФОТО) Презентација на ИПАРД-3 во Гевгелија
Агровести

(ФОТО) Презентација на ИПАРД-3 во Гевгелија

Објавено 05/10/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска во Гевгелија тимот за управување со ИПАРД програмата при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Платежната агенција на финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во Македонија организираа и спроведоа презентација на „Мерката 1 и 7“ од ИПАРД 3.

Европскиот фонд за руралниот развој на членките кандидатки, како што е Македонија, годинава одобри грант (неповратни средства) од 97 милиони евра за развој на земјоделството и земјоделските стопанства, сточарството и сточарските стопанства во Македонија, како и сегментите од производните можности во руралните средини за осовременување и заживување на руралниот развој во нашата земја.

Финансиската поддршка од 97 милиони евра ќе тече и трае до 2027 година, а првиот повик за аплицирање е објавен на 1 септември годинава. Од МЗШВ и тимот за управување со ИПАРД програмата за Македонија почнаа со реализација на „ИПАРД теренски инфо денови“ наменета за земјоделците и правните лица кои се од областа на земјоделската дејност, производството и иматели на имот во рурална средина кои се во можност деловно да го активираат.

Утврдено е дека крајниот рок за апликација до 15 октомври е краток, па со одлука на Владата на РСМ рокот е продолжен за дополнителни 15 дена, се до 30 октомври 2023 година.

Право да конкурираат имаат самостојните земјоделци кои имаат свое сопствено производство, индивидуални задруги, или други правни лица, регистрирани во единствениот регистар на земјоделско стопанство, т.н.„фарм регистар“. Апликантот индивидуалец треба да има најмалку средно образование, или Сертификат за неформално образование за производство на одредена земјоделска култура. За апликантт правно лице мора да има најмалку еден вработен во фирмата, со петгодишно работно искуство, а истата да има соработка со МЗШВ и да имале остварено субвенции најмалку три години, што е показател за сериозност во работењето.

Финансиската поддршка е со неповратни средства од фондот на ИПАРД во однос 60% грант, 40% сопствени средства. Грант значи дека добиените финансиски средства од европската помош не се кредит кој треба да го враќате, туку се неповратен влог на ЕУ во вашиот бизнис.

Минималната вредност на еден грант е 20.000 евра, а максималната 750.000 евра. Значи, проектот со кој се конкурира за ИПАРД -3 подршка не може да изнесува помалку од 33.333,- евра, во вкупен износ. Ако имате понудено проект со помала вредност, на пример 33.000 евра ќе бидете одбиени.

За да користите максимален износ на грант од 750.000 евра, треба да понудите проект во вкупна вредност од 1.250.000 евра.

Граѓаните од Гевгелија, Богданци, Дојран кои учествуваа на пренетацијата имаа свои прашања:

– „Како да набават трактор и колку понуди од добавувачи треба да понудат во апликацијата?“
Одговор: најмалку три понуди, а понудите да имаат исти технички карактеристики за опремата и да бидат ЕУРО 5.

– „Дали може странска фирма која работи во Македонија да биде апликант за ИПАРД 3“? – Стручните лица од МЗШВ одговорија „Може“.

– „Дали може да се користи аванс при почетокот на изведбата на инвестицијата за која склучиле договор со ИПАРД програмата на МЗШВ?“

Одговорот е ДА. Вредноста на авансот е 50% од одобрениот грант за проектот, а за авансот треба да се приложи банкарска гаранција во однос од 110% од вредноста на авансот. Барање за аванс се поднесува во рок од 60 дена по потпишувањето на договорот со ИПАРД 3.

За други отворени прашања Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој остануваат отворени за сите заинтересирани, кои можат да ја користат веб адресата на Министерството www.ipardpa.gov.mk

Извор: gevgelijanet.com

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:ГевгелијаИПАРД-3презентација
Претходен напис До недела сончево и топло, од понеделник заладување
Следен напис Јоковиќ: Сите во регионот правиме напори да ја намалиме инфлацијата и притисокот врз стандардот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?