Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Јавна трибина „Актуелни состојби и еколошки предизвици на Вардарскиот речен слив“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Јавна трибина „Актуелни состојби и еколошки предизвици на Вардарскиот речен слив“
Агровести

Јавна трибина „Актуелни состојби и еколошки предизвици на Вардарскиот речен слив“

Објавено 23/04/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Гевгелија денеска ќе се одржи јавна трибина „Актуелни состојби и еколошки предизвици на Вардарскиот речен слив“, на која ќе бидат презентирани клучните наоди од мониторингот и документот за јавни политики „Од локални инциденти до потенцијална екокатастрофа: како да се подобри управувањето со водите во Вардарскиот речен слив“.

Како што велат организаторите, документот нуди препораки за јавните политики и институционалната координација.

Според теренскиот мониторинг на група екоактивисти спроведен минатиот месец, речиси сите реки на Вардарскиот речен слив се во загрижувачка еколошка состојба. Во Брегалница, Конска/Сува Река, Каменичка Река, Кумановка, Пчиња и Вардар се констатирани директни канализациски и индустриски испусти, диви депонии во речните корита и ризик од излевање на рударско хидројаловиште. Утврдените состојби не се изолирани инциденти, туку укажуваат на системски слабости во управувањето со водите. 

-Теренскиот мониторинг укажува на четири доминантни и повторливи категории на притисок врз водните ресурси во Вардарскиот речен слив. Тие се манифестираат преку испуштање нетретирани отпадни води, нелегално депонирање цврст и градежен отпад во и покрај водотеците, присуство на структурни ризици поврзани со стари депонии, фарми, индустриски капацитети и јаловишта, како и деградирана или оштетена инфраструктура што дополнително го влошува квалитетот на водите и ја зголемува ранливоста на водните екосистеми, наведува Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Актуелни состојбиВардарскиот речен сливеколошки предизвициЈавна трибина
Претходен напис Во Пробиштип трибина во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“
Следен напис Најстудено утрово на Попова Шапка -4 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?