Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Јавен повик за поддршка на старт-ап бизниси за развој на еко-туризам и промоција на Источен плански регион како туристичка дестинација
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Јавен повик за поддршка на старт-ап бизниси за развој на еко-туризам и промоција на Источен плански регион како туристичка дестинација
Рурален Развој

Јавен повик за поддршка на старт-ап бизниси за развој на еко-туризам и промоција на Источен плански регион како туристичка дестинација

Објавено 04/12/2019
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Центарот за развој на Источен плански регион објавува повик за млади невработени лица со постојана адреса на живеење во општините во рамки на Источниот плански регион, кои имаат претприемнички дух и визија за започнување на сопствен бизнис.

Целта на Јавниот повик е да се зајакне соработката со приватниот сектор преку поддршка на старт-ап бизнис идеи поврзани со развој на еко туризам и промоција на регионот како туристичка дестинација, во согласност со Стратегијата за развој на туризам во Источен плански регион со Акционен план 2016-2025).

Постапката за избор на бизнис идеите ќе се одвива во фази. Во првата фаза заинтересираните апликанти електронски треба да ги достават концептите за бизнис идеи, со краток опис на бизнис идејата, локацијата каде истата ќе се реализира, како и потенцијалните корисници на услугата или производот кој се предложува.

За најдобрите бизнис идеи, во втората фаза ќе се овозможи техничка поддршка (обука за подготовка на бизнис план и водење на бизнис). Селектираните апликанти заедно со експертите ќе разработат бизнис план и детален опис на бизнис идејата.

Во третата фаза на селекција ќе бидат избрани само одржливи и изводливи бизнис планови кои ќе добијат финансиска поддршка за реализација.

За да бидат подобни за финансирање, предложените бизнис идеи мора да се реализираат на територијата на Источниот плански регион.

Јавниот повик е отворен до 27.12.2019 година до 14 часот, до кога сите заинтересирани апликанти треба да ги поднесат своите бизнис концепти.

Реализацијата на бизнис идеите во рамките на овој Јавен повик се поддржани од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

Вашите бизнис идеи можете да ги поднесете тука.

Повеќе информации за Јавниот повик можете да најдете на следниот линк.

Може да ви се допадне

Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари
ЈАВЕН ПОВИК 05/26: Гази Баба, Ресен, Кавадарци, Росоман и Чаир
Еврото ослабе, доларот достигна највисоко ниво во последните недели
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Самит Македонија2026: Помошта од дијаспората не е само со пари
Таг:парипланински регионповикпрограмасеверна македонија
Претходен напис Листа на кандидати кои го положиле испитот за добивање на лиценца за процена на тутун
Следен напис Потрошувачката на домати во 2019 година опаѓа, а на краставиците – расте
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?