Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Јавен повик за изразување интерес на компании за соработка со ИНОФЕИТ дигитален иновациски хаб (ДИХ) и оценка на потенцијалите за подигнување на степенот на дигитална зрелост
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Јавен повик за изразување интерес на компании за соработка со ИНОФЕИТ дигитален иновациски хаб (ДИХ) и оценка на потенцијалите за подигнување на степенот на дигитална зрелост
Јавни огласи и повици

Јавен повик за изразување интерес на компании за соработка со ИНОФЕИТ дигитален иновациски хаб (ДИХ) и оценка на потенцијалите за подигнување на степенот на дигитална зрелост

Објавено 29/09/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

ИНОФЕИТ дигитален иновациски хаб (ДИХ), во соработка со Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability- IME) и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), објавува јавен повик за изразување интерес на компании за соработка со ДИХ и оценка на потенцијалите за подигнување на степенот на дигитална зрелост. На повикот може да се јават микро, мали и средни компании:

-регистрирани согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија;
-со мнозинска македонска сопственост (со 50,1% или повеќе);
-годишните приходи на претпријатието да не надминуваат 10.000.00 (десет милиони) евра во претходните две фискални години, според финансиските извештаи;
-да е претпријатие со максимум 250 вработени;

Апликантите на повикот треба да бидат од не-ИКТ домените опфатени со паметната специјализација односно агрибизнис, индустрија 4.0, паметни материјали и згради, туризам и енергетика кои поседуваат најмалку ниво 2 степен на дигитална зрелост*. Избраните компании од повикот ќе добијат извештај кој ќе содржи:

-детална анализа на моменталното ниво на дигитална зрелост согласно европска методологија;
-детална анализа на потенцијалите за идна дигитална трансформација и иден раст;
-издвојување на клучни технологии/алатки потребни за дигитална трансформација и подигнување на нивото на дигитална зрелост на претходно наведената скала.

Времетраењето на оценката од страна на експертскиот тим на ИНОФЕИТ ДИХ по компанија е од 2 до 4 дена (во зависност од секторот, големината на компанијата и степенот на дигитална зрелост). Цената на услугата е 500 евра на ден во денарска противвредност по компанија. Бројот на потребни денови се утврдува пред почеток на процесот. Програмата IME ќе кофинансира до 50% од трошоците за проценка, по направената исплата од страна на компанијата. Доколку компанијата е во сопственост или менаџирана (управител) од жена или од лице до 29 години, Програмата IME ќе покрие 60% од трошоците за проценка. Доколку компанијата е во сопственост или менаџирана (управител) од жена до 29 години Програмата IME ќе покрие 70% трошоците за проценка.

Сите заинтересирани компании може да аплицираат преку испраќање на пополнета апликација според пример на е-маил адресата [email protected]. ИНОФЕИТ ДИХ ќе достави соодветна понуда за времетраењето и сумата на услугата до секоја компанија која ќе аплицира најдоцна 3 дена по добивањето на апликацијата. Компанијата ќе треба да се изјасни за прифаќање на понудата и потпишување договор за соработка најдоцна 2 дена по добивањето на понудата од ИНОФЕИТ ДИХ.

Повикот е отворен до 28 октомври 2022.

По завршувањето на јавниот повик за оценка на потенцијалите за подигнување на степенот на дигитална зрелост, ФИТР и Програмата IME ќе објават отворен повик – тематски предизвик за поддршка и кофинансирање во развој и имплементација на клучни иновативни технологии/алатки за дигитализација и дигитална трансформација на кој ќе може да се јават сите заинтересирани компании. Aнализата и оценката на потенцијалот за подигнување на степенот на дигитална зрелост од страна на ИНОФЕИТ ДИХ ќе обезбеди јасна визија за насоките на иден развој на компанијата и олеснета подготовка на апликацијата на отворениот повик – тематски предизвик на ФИТР и Програмата IME што ќе следува.

  • Степенот на дигитална зрелост кај одредена компанија може да се најде на едно од следниве нивоа:

0 – Мануелна работа: ограничено користење на дигитални системи во компанијата односно најчест метод на прибирање податоци е мануелен;
1 – Компјутеризација: користење на дигитални системи (компјутери, сервери, бази и слично) кои чуваат релевантни информации од секојдневното работење на компанијата, но не се меѓусебно поврзани (иако може да се поврзани на Интернет мрежа);
2 – Поврзаност: дигиталните системи во компанијата се меѓусебно поврзани и разменуваат податоци за да им понудат на бизнис апликациите и софтверот (на пр. ERP систем, DMS и слично) релевантна информација, но не во реално време;
3 – Мониторинг: работењето на компанијата се набљудува континуирано (преку т.н. dashboards) и неопходните податоци за важни бизнис процеси се обезбедуваат во реално време (најчесто користејќи сензорски податоци);
4 – Разбирање: собраните податоци се анализираат и интерпретираат за да се понуди дополнително разбирање на бизнис процесите (т.н. податочна аналитика преку соодветни алатки);
5 – Предикција: симулација на идни сценарија користејќи големо количество на моментално акумулирани податоци, а со цел спречување на несакани можни идни состојби (на пр. прекини или испади);
6 – Адаптивност: сите прибрани податоци и предикции се влезни параметри во бизнис процесите овозможувајќи автоматско носење одлуки и автоматски акции кои континуирано ги оптимизираат бизнис процесите.

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Јавен повик за прибирање понуди за градежни работи за логистичко-дистрибутивниот центар во Гази Баба, Скопје
Таг:IMEIncreasing Market Employability- IMEДИХимеИНОФЕИТФИТРФондот за иновации и технолошки развој
Претходен напис Се чистат локални патишта во руралните средини во Македонска Каменица
Следен напис Светските залихи на пченка на најниско ниво
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?