Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Светските залихи на пченка на најниско ниво
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Светските залихи на пченка на најниско ниво
Агровести

Светските залихи на пченка на најниско ниво

Објавено 29/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Според податоците собрани од Меѓународниот совет за житарки (IGC), до крајот на жетвата 2022/23 година, светските резерви на пченка ќе бидат доволни за само 80 дена потрошувачка. Тоа е за 28 отсто помалку од пред пет години и најниско ниво од сезоната 2010/11, објави Ројтерс.

Тие коментираат дека тоа би биле помалку залихи отколку во 2012 година, кога последната глобална криза со храна предизвика немири.

За ублажување на недостигот на храна, Светската банка одвоила 30 милијарди долари помош, а американскиот претседател Џо Бајден најави дополнителни средства од 3 милијарди долари за борба против глобалната несигурност за храна.

Посебно загрижува ситуацијата во Африка. Имено, според податоците на Обединетите нации, половина милион деца во Сомалија се соочуваат со најголемата глад во овој век. Рогот на Африка беше погоден од суша, а од неа страдаа и други делови од светот. Приносите на производителите се ниски.

80 отсто помалку род

Од другата страна на светот, одгледувачот на пченка од Јужна Дакота, Марк Грос, очекува оваа есен да собере само 1,27 тони/хектар, што е за 80 отсто помалку од минатогодишниот просек таму.

Таму пролетта била многу сува, а потоа следеле две бури со удари на ветер од 160 км/ч. Сè укажува дека годината ќе биде кризна како 2012 година кога беа забележани минимални приноси.

На глобално ниво, залихите на сите ожнеани житарки на крајот на сезоната ќе достигнат најниско ниво во последните осум години, објави IGC. Оскудните залихи се погодени од климатските промени и зголемената глобална побарувачка за добиток што се храни со пченка.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:залихипченкасветска банка
Претходен напис Јавен повик за изразување интерес на компании за соработка со ИНОФЕИТ дигитален иновациски хаб (ДИХ) и оценка на потенцијалите за подигнување на степенот на дигитална зрелост
Следен напис Бачовски: Исплатени 153.2 милиони денари за произведено и предадено млеко во март, април и мај 2021 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?