Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Извозот на пченица и јачмен од ЕУ расте, увозот на пченка опаѓа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Извозот на пченица и јачмен од ЕУ расте, увозот на пченка опаѓа
Агровести

Извозот на пченица и јачмен од ЕУ расте, увозот на пченка опаѓа

Објавено 08/10/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Извозот на пченица од Европската Унија скокна за 1,1 милион тони претходната недела, пишува Аgricensus повикувајќи се на податоци од Европската комисија. Според нив, оваа бројка е предизвикана од дополнување на информациите за француските и италијанските извозници објавени во вторникот, кои недостасуваа за периодот од 12 август до 29 септември.

Имено, износите за овие две земји не беа познати околу шест недели, поради што сега има остар скок во резултатите. Така, вкупниот извоз на пченица помеѓу 1 јули и 4 октомври достигна речиси 8,1 милиони тони, што е за 45 проценти повеќе од истиот период минатата година.

Во однос на неделниот извоз, 115.973 тони биле натоварени во Полска, 54.372 тони во Литванија, 48.572 тони во Германија и 39.415 тони во Летонија.

Алжир останува главна дестинација за извоз, зголемувајќи го увозот за 268.200 тони во текот на неделата, на 1,17 милиони тони. Потоа следува Јужна Кореја со 822.575 тони и Египет со 757.000 тони.

Се извезува повеќе јачмен, а се увезува помалку пченка

Извозот на јачмен се зголеми на 57.942 тони, а оваа бројка е поделена помеѓу Летонија (25.372 тони) и Литванија (31.500 тони). Вкупниот извоз изнесува 2,46 милиони тони, што е за девет проценти повеќе отколку во истиот период во 2020 година.

Неделниот увоз на пченка падна на најниско ниво од почетокот на маркетиншката година на 1 јули и изнесувал 99.150 милиони тони, од кои повеќе од половина се увезени од Белгија (53.035 милиони тони). Вкупниот увоз на таа житарка сега достигна 3,6 милиони тони, или 17 проценти помалку од минатата година.

Бразил остана првиот снабдувач со 2,36 милиони тони, а го следи Украина со 798.991 тони и Србија со 229.073 тони.

Извор: agricensus.com

Може да ви се допадне

Обвинителство: Водата во Гостивар е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена, отворена истрага против три лица
ЦУК: Повеќето пожари во Скопскиот регион се ставени под контрола, интервенции се уште траат на три локации
“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Таг:пченицапченка јачмен извоз
Претходен напис Цените на храната на светските пазари во септември на највисоко ниво во изминатите 10 години
Следен напис Колку јаболка ќе има оваа есен на пазарите во земјите на ЕУ, Кина, Русија?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?