По предходните најави дека во Русија се очекуваат добри приноси на пченица од престојната жетва, извозната цена на руската пченица се намали. Ова се случува во услови на слабеење на рубљата. Според ИЦАР, цената на пченицата која содржи 12,5% протеини паднала на 207 долари за тон, а само една недела порано, ценета била 210 долари за тон , објави Ројтерс.
Аналитичарите и понатаму продолжуваат со своите добри прогнози за жетвата на пченицата. Единствено намалување на приносите, се очекува во Централниот регион и регионот на Волга. Според проценката на Хидрометеоролошкиот центар на Руската Федерација, состојбата на житариците во овие региони овозможува да се очекува значително поголем принос во однос на минатата година. Земајќи ја предвид општата состојба на земјоделските култури во земјата, годинашната жетва ќе биде подобра отколку во 2019 година.
Од почетокот на сезоната, поточно од 1 до 30 јули, Русија имала извоз од 2,63 милиони тони жито, што е 32% помалку од истиот период во сезоната 2019/2020. Извозот на пченица изнесува 1,94 милиони тони, или 36% помалку од лани, изјави Агенцијата СовЕкон, повикувајќи се на царинска статистика.
Извор: Агри.бг
