Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Избор на јуници за приплод
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Избор на јуници за приплод
Сточарско производство

Избор на јуници за приплод

Последна измена: 29/10/2019 10:52
Сподели
5 мин. за читање
Сподели

Како да се изберат јуниците за размножување? Ова е често прашање кое земјоделците си го поставуваат себеси и на околината. Сериозните фарми воопшто не продаваат женски телиња , бидејќи сите здрави женски телиња се користат за обновување на стадото. Периодот од раѓањето до 6-те месеци, е најважниот период, како во иднина би се добила квалитетна и економски одржлива јуница за приплод. Покрај доброто одгледување, генетиката е исто така многу битна.

Најважната задача на секој сточар, кој се занимава со одгледување на телиња, е да посвети посебно внимание на првата година од животот на телето, бидејќи сите грешки и неуспеси што се направени во овој период не можат да се корегираат подоцна. Познато е дека приплодните јуници се основа за успех во понатамошното производство на млеко. Подобрувањето на производството во фармите за говеда се базира главно на квалитетот на приплодните потомци (јуници ), кои ќе ги заменат кравите.

При репродукцијата, најбитен е квалитетниот избор на телиња, кои ќе останат за приплод. При изборот на телиња за приплод, од суштинско значење е да се испита потеклото на животното. Под потекло, се претпоставува следново:

– податоци за карактеристиките на таткото и мајката ( две / три генерации назад )

– млечноста на сите женски предци, нивна оценка и класа.

По проценка на потеклото, се преминува на избор на екстериерот на јуницата. Јуницата се гледа во целост, дали е добро градена, дали има правилен став, силни екстремитети. Треба да има правилна линија на грбот и да е доволно долга.

Одгледување на приплодни јуници

На големите фарми, се практикува слободно држење на јуниците, без врзување. Предностите на овој начин на одгледување се :

  • Правилно им се развиваат органите за варење и скелетот
  • Грлата се во добра физичка кондиција

Исхрана на приплодните јуници

Тие се групираат според возраста и тежината и секоја група добива посебен оброк. Постигнувањето максимален пораст со минимално складирање на маснотиите е примарна цел при исхраната на јуниците.

Кога составувате оброк за приплодните јуници, мора да се внимава на следново:

  • Вкупната употреба на сува материја во исхраната не смее да надминува 2,7% од телесната тежина на јуницата ( на пр. На јуница со тежина од 220 килограми, оброк ќе и биде луцерка со тежина од 6,5 кг за посакуваниот прираст од 0,8 кг дневно).
  • Оброк кој содржи само сено од луцерка, содржи протеини кои се и повеќе од потребната количина за внес, а количината на енергија која се добива е помала од потребната. Затоа, неопходно е да се замени сеното од луцерка со некои високо-енергетски храни.

Клучниот период кај приплодните јуници е периодот на развој на млечната жлезда, кој се јавува помеѓу 3 и 9 месеци, кога млечното ткиво расте 3 пати побрзо од телото. Ако во овој период, на јуниците им се даваат високо-енергетски оброци, масното ткиво во вимето ќе се акумулира со последователно инхибиторен ефект врз развојот на млечните жлезди. Сето ова доведува до намалување на лактацијата кај јуницата во првиот и секој последователен период на лактација и доаѓа до товен стерилитет.

Практични совети за правилно одгледување на приплодни јуници

На 15-18 месечна јуница, се врши вештачко оплодување, а тежината на јуницата при вештачкото оплодување, треба да биде помеѓу 380-420 килограми односно 60% од тежината на возрасната крава. Првото телење на јуницата треба да биде кога јуницата има помеѓу 24-27 месеци и телесна тежина 500-550 килограми. Тежината на телото по телењето, треба да изнесува 80-85% од тежината на возрасните крави. Дневниот прираст на приплодните јуници треба да изнесува 750-850 грама, а пред оплодувањето треба да се подобри нивната исхрана.

Најчестите грешки направени од одгледувачи на стока се да оплодат јуници со пониска телесна тежина, а потоа да ги хранат поинтензивно за да достигнат одредена телесна тежина. Поради тоа, добиваат јуници, кои ја губат телесната тежина при телењето, а потоа и има принос при лактацијата. Избегнете ги овие првични грешки и ќе бидете задоволни со постигнатото.

 „Современо Земјоделство“

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Дали ги насадивте доматите? Еве што треба да направите следно!
(ВИДЕО) Илиевски : Задоволни сме од производството, со напорна и сложна работа, успехот е загарантиран!
„Руралната жена – чувар на планинскиот чај“ го садат расадот од планински чај во село Тумчевиште
(ВИДЕО) ЗК Пелагонија инвестира во овчарството: Фармата со 920 овци од расата Асаф за две години треба да се зголеми на 3000 грла
Трипуновски: Браќата Зекир од село Шашаварлија, пример како со иновативност и примена на традиционалните методи се одгледуваат 400 овци
Таг:јунциодгледувањесоветсточарствофарма
Претходен напис Во првото тромесечје од 2019 година производството на шумски производи во државните шуми во однос на лани е зголемено за 51,4 отсто
Следен напис (ВИДЕО) Берба во овошен насад, ама каков насад…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?