Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Италијанците го „собираат кајмакот“ на раните јагоди
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Италијанците го „собираат кајмакот“ на раните јагоди
Агровести

Италијанците го „собираат кајмакот“ на раните јагоди

Објавено 26/03/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бербата на јагоди од раното производство во регионот Метапонтино во покраината Базиликат трае непречено. Она што ги радува производителите е порастот на цените и побарувачката во Германија, Велика Британија и Франција.

„Дневно испраќаме околу 35 палети на разни европски дестинации, како Хамбург, Нирнберг, Штутгарт, Лондон и Париз. Секој купувач го снабдуваме двапати неделно, а јагодите стигнуваат на пазарите во оптимална зрелост и најдоцна 36 часа после бербата. Моментално на нашите полиња имаме повеќе од 250 обучени жени кои ги берат најдобрите јагоди за националниот и меѓународниот пазар“, изјавил Џузепе Зукарела од организацијата на производители од земјоделската задруга ОП Зукарела од местото Сконцано Јонико од крајниот југ на Италија.

„Во текот на последните неколку денови, поради слабото присуство на јагоди од Шпанија, забележуваме пораст на нарачките од Германија, Велика Британија и Франција за околу 30%. Се работи за сорти кои имаат долг рок на траење и затоа многу се погодни за превоз на голема оддалеченост. Цената е поволна и се движи од 4,50-5,50 €/кг. За околу 20% цените се повисоки во однос на истиот период минатата година.
Мал дел од нашето производство се испраќа на домашниот пазар во сите региони на Италија.

„Јагодите ги нудиме во текот на 10 месеци во годината и имаме константни количини од почетокот на јануари, со благ пораст во потоплите месеци, со што се елиминира проблемот на класичните пролетни врвови на производство и последователен пад на цената. Се чини дека продажбата на портокали исто така добро оди во Европа, во споредба со италијанскиот домашен пазар. Во завршна фаза сме на берба на рани сорти и полека преминуваме на подоцните, што ќе биде актуелно до почетокот на мај“, вели Џузепе Зукарела.

Може да ви се допадне

Крадци во Италија украле 30.000 шишиња вино вредни пет милиони евра, луѓето плачеле во винаријата
Предлог: До 50.000 евра за предавање на фарма на млад земјоделец
Богатите вкусови на калинката и нејзините производи изложени на Фестивалот на калинка во Валандово
(ВИДЕО) БИК ПРОДАДЕН ЗА 35.000 евра: Нема ниту една година, а на сите тестови покажа дека е најдобар
Азески: Државата со поголем БДП, компаниите со поголем профит, граѓаните со повисок стандард
Таг:италијајагоди
Претходен напис Болести и штетници кај лешник – трулеж на плодот, пепелница, бактериска пламеница
Следен напис Одличен старт на откупот на пролетната зелка – цена повисока од 30 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?