Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Истекува мерката со која ДДВ за дизелот беше намалено од 18 на десет проценти
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Истекува мерката со која ДДВ за дизелот беше намалено од 18 на десет проценти
Агровести

Истекува мерката со која ДДВ за дизелот беше намалено од 18 на десет проценти

Објавено 28/09/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Мерката со која ДДВ за дизел-горивото беше намалено од 18 на 10 проценти истекува денеска. Намалената даночна стапка почна да се применува на 15 септември, како мерка за ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните. Владата треба да одлучи дали повластеното ДДВ за дизелот ќе продолжи да важи и во наредните две недели.

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги утврди максималните цени на горивата што ќе важат во следните седум дена.

Со последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, цената на дизелот се зголеми на 104,5 денари за литар. Цената на Еуросупер БС-95 е 99 денари, а Еуросупер БС-98 се продава по цена од 101 денар за литар.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, минатата недела рече дека ако ескалира ситуацијата со цената на горивата, Владата ќе ги преземе сите мерки за да го ублажи ризикот кон граѓаните, додавајќи дека ситуацијата внимателно се следи.

-Тоа што се случува е на светско ниво. Како што следиме сите, секаде се цените покачени. Значи, тоа е виша сила, војна врз која ние не можеме да влијаеме. Минатата недела имавме онлајн вонредна седница на Влада и откако почна сè, уште од март, направивме и акциза и намалување на ДДВ и со ОКТА договоривме попуст. Го намаливме ДДВ-то на 10 проценти. Дискутираме, гледаме и ќе се консултираме на ниво на Влада. Ние секако сме за заштита на стандардот на граѓаните, меѓутоа ќе мора да разгледаме кои се и фискалните импликации – рече таа минатиот понеделник.

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески минатата недела рече дека со намалувањето на ДДВ за горивата од 18 на 10 проценти граѓаните заштедувале до 350 илјади евра дневно. Тој нагласи дека Владата има капацитет да се справи со последиците од кризата и оти мерките се носат по детални анализи и координација меѓу повеќе институции.

МИА

Може да ви се допадне

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје: Водата е безбедна за пиење
Серафимовски на „Преспански јаболкобер“ им посака успешна и бериќетна сезона на преспанските овоштари
Без струја неколку улици во Бутел, Гази Баба и Чаир
АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
Вратени пратки со пиперки и трпезно грозје од Бугарија и Црна Гора завршиле на македонски пазар – АХВ утврдиле дека се безбедни
Таг:ддвдизелотИстекувамеркатапроценти
Претходен напис Серафимовски на „Преспански јаболкобер“ им посака успешна и бериќетна сезона на преспанските овоштари
Следен напис ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје: Водата е безбедна за пиење
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?