Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Исплатени се вкупно 9.896.812 денари, за предадено, а ненаплатено грозје, на 325 лица
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Исплатени се вкупно 9.896.812 денари, за предадено, а ненаплатено грозје, на 325 лица
Агровести

Исплатени се вкупно 9.896.812 денари, за предадено, а ненаплатено грозје, на 325 лица

Објавено 11/02/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Лозарите кои го предале, а не го наплатиле грозјето од винариите во периодот од 15 август 2014 до 15 ноември 2016 година денеска на сметка добија средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за мерката 8а „Дополнителна помош за предадено, а неплатено винско грозје“.

На сметките на 325 лица, Агенцијата исплатила вкупно 9.896.812 денари за предадено, а ненаплатено грозје. Висината на оваа дополнителна помош се утврдува според сортата на предадено грозје која не е повисока од просечната цена за откуп на винско грозје во Република Северна Македонија и која е утврдена на годишно ниво за период од 2014 до 2016- та година.

-Денеска се исплатени оние лозари кои беа на спискот од Државниот инспекторат за земјоделство и во периодот 2014 – 2015 година, предаденото грозје не им беше исплатено. Овие корисници во изминатиот период ги доставија потребните податоци и со тоа законски се стекнаа со можноста за добивање финансиска поддршка. Додека, останатите кои сеуште ги немаат доставено потребните податоци, ги повикуваме во најкраток рок да ги достават во Подрачните единици на МЗШВ, или директно во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рураниот развој со цел истите да бидат исплатени, информираат од Агенцијата.

Вкупно по оваа мерка 8а досега на сметките на 2.592 лица исплатени се 100,578.318,00 денари.

Со ова, велат надлежните, се решава долгогодишен, наследен проблем и се исправа една неправда која им беше нанесена на лозарите.

Од Агенцијата најавуват дека праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува и дека парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците средствата им се најпотребни, односно пред почетокот на новата реколта.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:агенцијагрозјеповардариепредадено
Претходен напис Бачовски: Го подобривме имиџот на сектор земјоделство, сега е атрактивен за младите и за странските инвеститори
Следен напис Вината од Тиквеш освоија три медали во Франција
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?