Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Исплатени 76.3 милиони денари поддршка за предадено млеко во првите два месеци од 2021 година за 10.277 млекопроизводители
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Исплатени 76.3 милиони денари поддршка за предадено млеко во првите два месеци од 2021 година за 10.277 млекопроизводители
АгровестиСубвенции

Исплатени 76.3 милиони денари поддршка за предадено млеко во првите два месеци од 2021 година за 10.277 млекопроизводители

Објавено 01/07/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од страна на АФПЗРР на 10.277 млекопроизводители исплатени им се 76.3 милиони денари за предадено кравјо, овчо и козјо млеко во месеците јануари и февруари 2021 година согласно пријавените количини од страна на преработувачките капацитети.

Корисници на оваа финансиска поддршка се регистрирани земјоделски стопанства одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта. Висината на директните плаќања изнесува 3.5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко во преработувачки капацитети запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи и 4.5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.

Обезбедени се преку ребалансот на буџетот за 2022 година, дополнителни 2,7 милијарди денари, средства за исплата на субвенциите кон сите земјоделци, целосно расчистување на заостанатите обврски и започнување на авансното исплаќање на субвенциите што како можност се создаде со последните измени на законот за земјоделство и рурален развој.

Преку обезбедените средства со ребалансот на буџетот повеќе од 45.000 земјоделци во текот на 2022 година ги добиваат своите субвенции. Со ребалансот ќе бидат исплатени околу 10.200 одгледувачи на говеда во износ од околу 340 милиони денари, а се исплаќаат и околу 420 милиони денари за предадено млеко во преработувачки капацитети, како мотивирачка мерка за зголемено производство на млеко. По усвојувањето на Ребалансот, а во текот на 2022 година, кон 3.200 одгледувачи на овци ќе бидат исплатени околу 770 милиони денари, за 1.800 одгледувачи на кози ќе се исплатат околу 66 милиони денари средства преку кој овој сектор се развива.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство останува посветено да работи на својата цел, поддршка на секој еден земјоделец и развивање и модернизација на македонското земјоделство.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Млекопроизводители
Претходен напис За две недели ќе се објави ИПАРД во висина од 5 милиони евра, еве за што може да се аплицира
Следен напис ЈП„Плаваја“ од Радовиш апелира да се штеди водата и да не се користи за полевање на земјоделските површини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?