Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За две недели ќе се објави ИПАРД во висина од 5 милиони евра, еве за што може да се аплицира
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > За две недели ќе се објави ИПАРД во висина од 5 милиони евра, еве за што може да се аплицира
АгровестиЈавни огласи и повици

За две недели ќе се објави ИПАРД во висина од 5 милиони евра, еве за што може да се аплицира

Објавено 01/07/2022
Сподели
8 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата на Република Северна Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известуваат сите заинтересирани правни лица дека во втората половина на месец јули 2022 година ќе се објави Јавен повик за доставување на барања за користење на финансиски средства од мерка 3 “Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи” од областа на политиките за земјоделство и рурален развој
на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 2014-2020 година).
Целта на ИПАРД Програмата 2014-2020 е преку содветни мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се подобри конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор, преку нивно усогласување со стандардите на Европската унија и постигнување на одржлива животна средина и социо-економски развој на руралните
средини преку поттикнување на економската активност и зголемување на можностите за вработување.

Финансиските средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 во врска со спроведување на овој Јавен повик од јули 2022 година се наменети за поддршка на сите сектори од мерка 3 “Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”.
Прифатливи за кофинансирање ќе бидат трошоците за набавка на опрема и услуги со исклучок на трошоците за градежни работи.

За инвестиции за “Набавка на опрема за производство на енергија од обновливи извори“
поставувањето/инсталирање на фотонапонски панели ќе биде прифатлив трошок. Со оглед на специфичноста на јавниот повик поради временската рамка за реализација на активностите од ИПАРД Програмата 2014-2020, “Решението за поставување на фото-напонски панели за производство на електрична енергија со максимален инсталиран капацитет до 1MW“ барателите ќе мора да го достават при самото аплицирање.
Правилата за користење на финансиските средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 налагаат претходно склучување на договор на потенцијалните корисници со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и реализација на одобрената инвестиција согласно претходно договорените услови.

Контрола на самото место и спроведувањето на надзорот над договорот извршуваат овластени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и релевантни институции од Република Северна Македонија за управување, спроведување и контрола на ИПАРД и Европска Унија.
Со оглед на специфичноста на јавниот повик поради временската рамка за реализација на активностите од ИПАРД Програмата 2014-2020, ги известуваме сите заинтересирани потенцијални корисници дека крајниот рок за реализација на инвестиции кои ќе бидат кофинансирани со овој Јавен повик e 30.05.2023 година, а рокот за поднесување на барањата за исплата е 30.06.2023 година.
Начинот и постапката за користење на финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2014-2020 се пропишани во Уредбата за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерки за рурален развој финансирани од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија.
Јавниот повик ќе трае најмалку 45 дена од денот на неговото објавување во дневните весници.
НАПОМЕНА: Потребната документација за подготовка и поднесување на барања, вклучително и Упатството за корисниците на средства по мерка 3 “Инвестиции во основни средства за преработка и маректинг на земјоделски и рибни производи” од ИПАРД Програмата 2014-2020 ќе бидат ажурирани и објавени на веб страната на Агенцијата во периодот до објавување на
Јавниот повик.

КОРИСНИЦИ

  • Правни лица (трговски друштва во рангот на микро, мали, средни претпријатија до 250 вработени и годишен обрт до 50 мил. €) и
  • Задруги.

Претпријатија кои не се опфатени со дефиницијата за микро и средни, но кои вработуваат помалку од 750 вработени и кои имаат годишен обрт кој не надминува 200 мил. €, може да бидат прифатливи како корисници, но во овој случај поддршката може да се додели за инвестиции посебно наменети да го надградат целиот систем во согласност со релевантните стандарди на ЕУ.

ПРИОРИТНИ СЕКТОРИ

  • Преработка на млеко и млечни производи;
  • Преработка на месо и месни производи (вклучувајќи јајца и живина);
  • Преработка на овошје и зеленчук (вклучувајќи компир, печурки и легуминозни култури);
  • Преработка на житарици, мелнички производи и скроб;
  • Растителни и животински масти и масла;
  • Шира, вино и оцет;
  • Производство на енергија со преработка на примарна биомаса од растително и животинско потекло, со исклучок на биомаса од рибни производи.

СОПСТВЕНОСТ

За земјиштето и/или објектите кои се предмет на инвестицијата барателот треба да докаже:

  • Сопственост или
  • Договор за закуп

(најмалку 7 години од денот на поднесување на барањето).

ПРИФАТЛЛИВИ ИНВЕСТИЦИИ

Купување и/или инсталација на нови машини и опрема/инструменти за:

  • Сортирање, прибирање, складирање и разладување на собирните места;
  • Преработка, пакување, разладување, замрзнување, сушење итн. и складирање (вклучувајќи и манипулација);
  • Воведување на производство на нови производи, нови технологии и процеси;
  • Заштита на животната средина;
  • Производство на енергија од обновливи извори на енергија;
  • Подобрување и контрола на квалитет и безбедност на суровините и готовите производи.
  • Купување на специјални транспортни резервари и приколки за транспорт на суровините вклучувајќи и транспорт на живи животни;
  • Купување и/или инсталирање нови машини и/или опрема за заштита на животната средина, вклучувајќи опрема за производство на електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија;
  • Развој и воспостваување на инфраструктура, на имот кој е во сопственост на претпријатието, со цел задоволување на потребите на производната активност на претпријатието.

Идни инвестиции

Барателите може да поднесат повеќе проекти во рамките на оваа мерка во текот на спроведувањето на Програмата, под услов максималните вкупни прифатливи трошоци (до 4.500.000 €) да не бидат надминати и претходните проекти да бидат реализирани, (исплатени на корисникот).

НАПОМЕНА Градбата на објекти  нема да биде вклучена во овој повик бидејќи и по брза постапка  треба да се склучат договори со инвеститорите  и инвестицијата комплено да заврши до 31.05.2023

ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА

  • Висината на финансиската поддршката изнесува до 50% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата.Горната граница се зголемува за 10 процентни поени за:
    • Инвестиции во опрема со цел подобрување на енергетскатата ефикасност;
    • Инвестиции во опрема за производство на био-енергија во случај на преработка на производи (суровини), како и преработка на примарна и секундарна биомаса од животни и растенија;
    • Инвестиции во опрема за производство на енергија од други обновливи извори на енергија со цел задоволување на сопстевните потреби за енергија;
    • Инвестиции за опрема за третман на вода/отпадна вода.

Минимална вредност на вкупните прифатливи трошоци по инвестициски проект – 10.000 €. Максималната вредност на вкупни прифатливи трошоци по еден корисник по мерка 3 изнесува до 4.500.000 € за целиот период на спроведувањето на Програмата.

Повеќе информации околу повикот и подготовка на апликации во АГРОТИМ на е-пошта: info@agrotim.mk или на телефонскиот број 071 225 345.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:меркимзшвнабавкапанелиповици
Претходен напис (ФОТО) Ученици и наставници од земјоделско-шумарското училиште во Кавадарци жнееја лаванда
Следен напис Исплатени 76.3 милиони денари поддршка за предадено млеко во првите два месеци од 2021 година за 10.277 млекопроизводители
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?