Почитувани корисници,
Со зголемување на температурите и започнувањето на летните горештини кои ни се случуваат секоја година започнува и енормното зголемување на потрошувачката на вода.
НАЈУЧТИВО ВЕ ЗАМОЛУВАМЕ ВОДАТА ДА ЈА КОРИСТИТЕ ИСКЛУЧИВО ЗА ПИЕЊЕ И ПОТРЕБИ НА ВАШИТЕ ДОМАЌИНСТВА.
Водата е од водоснабдителниот систем на ЈП„Плаваја“ е производ кој чини пари за неговата испорака до секој дом на нашите корисници и затоа треба да го штедиме, со штедењето не правиме непотребни трошоци и го зачувуваме најголемиот дар од природата – водата, потсетуваме на една парола која се користи многу често во последниве години:
МНОГУМИНА ПРЕЖИВЕАЛЕ БЕЗ ЉУБОВ, НО НИКОЈ НЕ ПРЕЖИВЕАЛ БЕЗ ВОДА!
Симболиката на оваа парола е јасна нема живот без вода токму затоа треба да ја штедиме и да ја користиме наменски за да оставиме и за следните генерации.
Почитувани жители на општина Радовиш,
Зачестена е појавата на употреба на водата и за други намени, најчесто за полевање на земјоделски површини и насади.
Додека Вие таквите несовесни корисници и крадци на вода ги полевате Вашите насади кај нашите корисници кои живеат на високите зони, некоја мајка плаче затоа што нема вода да го избања своето дете и да му приготви јадење, некои младинци се нервираат и одат по роднинските куќи за да се истушираат пред да излезат на прошетка додека вие ги туширате Вашите насади со украдена вода!
АПЕЛИРАМЕ ДО СИТЕ СОВЕСНИ ЖИТЕЛИ НА ОПШТИНАТА: ПРИЈАВЕТЕ ГИ КРАДЦИТЕ!
Екипи на ЈП„Плаваја“ Радовиш се постојано на терен и се трудат да ги пронајдат крадците особено во населените места Ињево,Воиславци и сите други каде конзумната количина е зголемена 430%, а не се евидентира како измерена преку водомерите со далечинско отчитување, што значи се краде и се употребува против законски без мерни уреди за полевања и наводнувања.
За разлика од порано сега секој пронајден крадец ВЕДНАШ ГО ПРИЈАВУВАМЕ ВО ОПШТИНСКАТА КОМУНАЛНА ИНСПЕКЦИЈА И ПОЛИЦИЈАТА кои го процесираат понатаму согласно позитивната законска регулатива.
За пример, објавуваме фотографии од последниот фатен крадец на вода во Радовиш С.К. роден 1963 година.

Е ЗА ТАКВИТЕ КАКО НЕГО НЕ ТРЕБА ДА СЕ ИМА МИЛОСТ И ТАКВИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ ПРИЈАВЕНИ И КАЗНЕТИ И ДА СЛУЖАТ КАКО ПРИМЕР ДЕКА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ЗЛОУПОТРЕБУВА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ, ако не се фатат таквите крадци се поизвесно е и можно е да започнеме со воведување на рестрикции на водата со цел да ја заштедиме и да можеме да ги снабдиме со вода нашите сограѓани на високите зони.


СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА НАШИТЕ АПЕЛИ ЌЕ ДОПРАТ ДО ВАС.
ЈП„Плаваја“, Радовиш
