На почетокот на големата економска криза во 2000-тите, хрватскиот репрезентативец Домагој Вида и неговите пријатели основале фарма за црни свињи. Иако на почетокот предложил заедно да отворат кафуле или ресторан, сепак се одлучиле за фарма во срцето на Славонија. Денес имаат успешен бренд.
„Секогаш мора да даваш за да ти се врати. Славонија ми даде многу, па се надевам дека ќе и вратам нешто, дека ќе ги вратам луѓето овде“, вели Домагој Вида.
Целиот проект произлегол од големата економска криза на почетокот на 2000-тите, кога пријателите на Вида останале без работа, па фудбалерот понудил да инвестира во заеднички бизнис. Денеска заедно со пријателите имаат препознатлив бренд за кој велат дека е еколошко одгледување на автохтоната раса свињи во Хрватска.

Животните се сместени на отворено, а живеалиштата се изградени според највисоки еколошки стандарди. Се хранат исклучиво со храна која пријателите на Вида сами ја одгледуваат на словенските полиња.

Почнале со четири прасиња, а денес кога имаат 400. Не сакале да прават нешто што го прават сите други, туку сакале да бидат поинакви, па за одгледување ја избрале црната славонска свиња.
Нивната цел, како што вели Вида, е да ја прошират фармата за да соберат што повеќе луѓе.

„Верувам во подобри денови и верувам дека луѓето ќе се вратат дома. Ако сите се откажеме и ако не се бориме, ништо не сме постигнале. Секогаш со гордост велам дека сум Славонец. Горд сум што сум роден овде“, искрено изјави хрватскиот репрезентативец.
Од неодамна на фармата набавиле уште една критично загрозена хрватска раса, славонско-сремски подолец, 43 крави и 15 телиња.

За целосно затворање на кругот на одгледување и производство планираат да отворат продажно место, а своите производи моментно ги доставуваат до врвни ресторани. Притоа, не сакаат да го зголемат бројот на свињи. За нив главно е свињите да се слободни и да имаат доволно простор и да добиваат храна со врвен квалитет што ја произведуваат на нивните ниви.


Извор/green.hr