Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Регионалната иницијатива „Заедно за реките“ ќе го заштити долниот тек на реката Вардар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Регионалната иницијатива „Заедно за реките“ ќе го заштити долниот тек на реката Вардар
Агровести

Регионалната иницијатива „Заедно за реките“ ќе го заштити долниот тек на реката Вардар

Објавено 15/06/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вчера пред јавноста беше претставена регионалната иницијатива „Заедно за реките“, која е посветена на зачувување на 13 реки во Југоисточна Европа. Истакнувајќи го вклучувањето на локалните заедници, организацијата The Nature Conservancy и шест партнерски организации од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Македонија и Србија работат на воспоставување нови заштитени подрачја покрај реките со цел да ги зачуваат нивните природни, општествени и културни вредности.

Југоисточна Европа е дом на некои од последните диви реки на континентот. Тие се крвотокот на заедниците и екосистемите и обезбедуваат вода за пиење, ја поддржуваат биолошката разновидност и го овозможуваат животот. Но, денес реките се многу позагрозени поради загадувањето, уништувањето на живеалиштата, неодржливиот развој и климатските промени. Станува збор за глобален проблем кој има локално решение: од 1970 година, на глобално ниво бројот на популации на слатководни видови е намален за 83%, а изгубени се 30% од слатководни екосистеми.

„Нашата иницијатива се заснова на верувањето дека вклучувањето и зајакнувањето на локалните заедници е клучно за ефикасна и трајна заштита на реките“, изјави Драгана Милеусниќ, директорка на Програмата за Југоисточна Европа во организацијата The Nature Conservancy. „Соработуваме со бројни засегнати страни, вклучувајќи ги и невладините организации, приватниот сектор, локалните заедници и владите со цел да се развие сеопфатно и долгорочно решение за заштита на нашите реки“.

„Заштитата на нашите реки ја препознавме како социјален, економски и еколошки приоритет. Зачуваните реки се клучни за нашата благосостојба бидејќи обезбедуваат вода за пиење, ја поддржуваат биолошката разновидност и овозможуваат живот. Работејќи на заштита на реките, ние инвестираме во одржливата иднина на нашите заедници“, изјави Ѓорѓи Митревски, Програмски координатор во Еко-свест од Македонија.

„Во рамки на иницијативата работиме на заштита на долното течение на реката Вардар и репрогласување на Демиркаписката клисура како заштитено подрачје“, велат од Еко-свест.

Покрај организацијата The Nature Conservancy, членови на иницијативата се и Центарот за животна средина, здружението Динарика и младинскиот клуб Нови Вал од Босна и Херцеговина, еколошкото здружение Рзав од Србија, Еко-тим од Црна Гора и Еко-свест од Македонија.

Иницијативата „Заедно за реките“ активно работи на заштита на 13 реки во регионот со цел да се поттикнат нови локални иницијативи за заштита на реките. Преку научно истражување и разбирање на потребите и ставовите на локалните заедници, иницијативата Заедно за реките се обидува да обезбеди рано и транспарентно вклучување на сите засегнати страни со почитување на уникатните природни, социјалните и културните карактеристики на секоја река.

Откако ќе се воспостави заштита и ќе се обезбеди добро управување на заштитеното подрачје, тоа ќе биде директен придонес во исполнувањето на меѓународните обврски на кои што се обврзаа нашите земји. Меѓу нив вреди да се истакне Европскиот зелен план, Зелената агенда за Западен Балкан и глобалната рамка за биолошка разновидност Кунмин-Монтреал од декември 2022 година.

Иницијативата Заедно за реките ги повикува да се придружат сите поединци, организации и заедници од регионот кои сакаат да ги заштитат нивните реки. Заедно можеме да ги зачуваме нашите реки и да ги заштитиме за идните генерации.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:вардареко свест
Претходен напис Средба Николовски – Дух: Ја зајакнуваме соработката меѓу Македонија и Словенија во делот на виното, младите и дигитализацијата
Следен напис Инспиративни приказни: Дали сточарството може да биде одржливо? Хрватскиот фудбалер тврди дека може
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?