Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Подигнете насад со ДРЕНКИ: Има садници, лесна за одгледување, обезбеден пласман
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Подигнете насад со ДРЕНКИ: Има садници, лесна за одгледување, обезбеден пласман
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Подигнете насад со ДРЕНКИ: Има садници, лесна за одгледување, обезбеден пласман

Објавено 24/08/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Мал е бројот на луѓето кои подигаат садници со дренки во Македонија.

Интересот за засадување дренки е слаб. Oд Опитно Поле ФЗНХ Дооел Скопје велат дека порано речиси и да немаше куќа која не поседуваше дренка во својот двор, бидејќи се веруваше дека тоа го штити домаќинството и носи здравје на целото семејство. Денес ретко кој ја има во својата градина, а не се ни размислува за комерцијално одгледување, иако тоа е дрвце чии плодови му помагале на човекот низ историјата.

„Производство на дренки значи обезбедување на безбеден пласман за производот, односно за производителите на мармалад, слатко, компот, сокови, а друг начин да се обезбеди профитабилност на одгледувањето дренки е производство на домашна ракија, вино и пијалок од дренки. Во нашиот расадник застапеноста на саден материјал од дренка е незначителен, во текот на една садна сезона се продаваат околу 50 садници и тоа поединечно ( продажба на мало ), и садниот материјал е узвоз од Грција. Сертифициран саден материјал од дренка се наоѓа и во соседна Србија. Цената на еден садник се движи од 5 до 7 евра. Интерес за подигање на насад од дренка кај нас скоро и да нема, во текот на годината се случува некои да се интересираат, но обезбедувањето на саден материјал е потребно да се резервира многу порано и исто така најголем проблем им е откупот“, рече Елизабета Митровска од Опитно поле.

Објаснува дека дренката е дива листопадна грмушка, а може да биде и мало дрво, кое претпочита локација што нуди сонце, иако не ѝ пречи делумна сенка. Самото дрво е густо, за разлика од другите дрвенести растенија.

„Оваа густина, исто така, дава голема сила на дренот. Во висина може да достигне до 8 метри. Тоа е грмушка која најрано цвета, а жолти цветови се појавуваат пред лисјата. Цветовите потоа формираат јастиви црвени плодови кои ќе донесат птици и пчели во вашата градина. Црвеното овошје по форма и големина наликува на маслинки. Во европската кујна се користи за чај, супи, џемови, сосови, а кај нас е позната и ракијата од дренка. Кога е незрело, плодот е многу кисел, а плодовите може да се јадат свежи или сушени само кога се целосно зрели, што е на почетокот на есента, кога ќе достигнат плодите темно црвена боја. Поради раното цветање, дренот се користи во градините како украсно растение. Меѓутоа, ако сакате да ги собирате плодовите, би било подобро да засадите повеќе растенија бидејќи дренот не е вешт за само-ѓубрење, така што вкрстеното ѓубрење би било побезбедно“, вели Митровска.

Додава дека дренката има исклучителна приспособливост и бара многу скромни услови за раст. Може да толерира многу видови почва, но најдобро успева на глинена почва.

„За оптимални резултати, изберете локација што има добро исцедена почва. Дрвото од дрен е долговечно – плодно и до 100 години. Со дренка речиси и да нема проблеми со штетници или болести бидејќи е многу отпорно растение, а поради неговата приспособливост освен малку ѓубриво, не му треба никаков третман. Покрај тоа што е естетски вредно поради прекрасните златно жолти цветови, корисни за изработка на разни алатки поради тврдоста на дрвото, дренот е и неверојатно здрав. Самото овошје од дренка содржи шеќери, танини, органски киселини, пектини и други материи кои имаат позитивно влијание врз човечкото тело. Покрај тоа, содржи двојно повеќе витамин Ц од портокалите“, додава Митровска.

Плодовите од дренка се користат за лекување на болести на органите за варење, против анемија, за лекување на настинки или проблеми со кожата. Научно е докажано дека плодовите од дренка имаат антимикробно дејство и дека содржат голема количина на антиоксиданси кои се поврзани со помала стапка на смртност од тумори и срцеви заболувања. Дрвото произведено од калемен садник се разликува од обичното дренка ( произведено од семе) по тоа што има многу поголеми плодови, поголема плодност и побујна круна.

На страната на Опитно поле Факултет за земјоделски науки и храна можете да добиете повеќе информации околу производството и набавка на садници, доколку имаат сеуште.

Извор: Народен лек

Може да ви се допадне

Со германска поддршка во Долно Лисиче ќе се тестираат практики за земјоделство отпорно на климатски промени
Наводнување на овошките според фазите на развој
Голем број членки на ЕУ се противат на намалувањето на средствата за кохезија и земјоделство
Листа на најлошо платени работни места во Германија: Овие плати ги изненадуваат дури и германците
Зајакнување на отпорноста на земјоделството во ЕУ според студија на Европска Комисија
Таг:витамин цекономијаземјоделствомакедонијанаводнувањенасадпортокалите
Претходен напис Во Тетово се одржа Саем на недрвни шумски производи
Следен напис Совети за одгледување насад со ФСТАЦИ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?