Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Илјадници тони бугарски компири скапуваат во магацините и на полињата поради ниските увозни цени!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Илјадници тони бугарски компири скапуваат во магацините и на полињата поради ниските увозни цени!
АгровестиПазари

Илјадници тони бугарски компири скапуваат во магацините и на полињата поради ниските увозни цени!

Објавено 23/11/2020
Сподели
3 мин. за читање
Fresh potatoes inside a container in a potatoes field at the Northern Negev Israel.
Сподели
Ad imageAd image

„Стоката е надвор, магацините се  полни, купувачи нема. Половина од нашите компири се наоѓаат сеуште во полињата и не се извадени, се прашуваме треба ли воопшто и да ги вадиме“, раскажува Иванка Иванова земјоделка од село Продановци кај Софија.

Илјадници тони на компири во Бугарија скапуваат во магацините и на нивите бидејќи за жал, за нив нема пазар. Зошто? Продавниците се преплавени со евтини компири од Грција и Романија, а извозните цени од недела во недела се, се пониски.

Слична е ситуацијата и на семејното земјоделско стопанство на Димитрина Благоева и Тодор Џиков. – „Не се сеќавам на ваква ситуација а произведуваме веќе 20 години“, истакнува Благоева која  одгледува компири на 200 хектари. Џиков предупредува дека кризата се проширила на сите планински и полупланински региони во оваа земја.

Влијание на пандемијата

Да се потсетиме дека уште во мај, кризата со корона вирусот доведе до тотален колапс на цената на компирите во повеќето европски земји. Во Белгија фармерите побарале од целата нација да јаде помфрит два пати неделно. Во нивните магацини биле натрупани околу 750.000 тони од овој зеленчук, а главна причина за тоа  е  затворањето на рестораните, градинките, училиштата и другите установи каде што се пласирале компирите. Исто така цената за 100 килограми компири достигнала историски минимум од едно евро.

Големи проблеми со пазарот имаше и во Франција. Таму во магацините имало 500.000 тони компири кои ги  чекале своите купувачи. Од почетокот на ширењето на корона вирусот германското здружение на производители на компири (DKHV) се залага за давање  поддршка за трговците и цела германска индустрија поврзани со оваа намирница. Освен редовната комуникација со членовите, задругата ја информирала  јавноста за добрата ситуација околу  снабденоста и го смирувала паничното однесување на купувачите.

Евроспката организација на земјоделци COPA-COGECA ја предупреди писмено Европската комисија, дека овој сектор е меѓу најтешко погодените со кризата на корона вирусот. Тие процениле дека штетата кај производителите во ЕУ достигнала 400 милиони евра. Инаку, во текот на последните пет години површините под оваа култура значително се зголемија, особено во Франција и Германија како резултат на се поголемата побарувачка, наведува europatat.eu.

Според Задругата на одгледувачи на компири во северозападна Европа (NEPG), минатата година во Белгија, Франција, Германија, Холандија и Велика Британија се собрани 26,8 милиони тони компири од  рекордни површини кои зафаќаат 613.946 хектари.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:COPA-COGECAбугаријаеукомпирипад на цената
Претходен напис Стопанската комора ќе соопшти итни мерки за пост КОВИД развој на агро секторот
Следен напис До 2030 година побарувачката за нафта во светот може да опадне за 70 отсто
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?