Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стопанската комора ќе соопшти итни мерки за пост КОВИД развој на агро секторот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Стопанската комора ќе соопшти итни мерки за пост КОВИД развој на агро секторот
Агровести

Стопанската комора ќе соопшти итни мерки за пост КОВИД развој на агро секторот

Објавено 23/11/2020
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Стопанската комора на Македонија денеска на прес-конференција ќе соопшти итни мерки за пост КОВИД развој на агро секторот.

Големи загуби, слаб пласман, недоволно ресурси и кадар, беа проблемите на кои укажа бизнис заедницата пред две недели кога Стопанската комората организираше работна средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа. Компаниите предупредија и дека се очекува пад на земјоделското производството до 40 проценти, а на профитот до 60 отсто иако државата интервенира со сериозно високи субвенции.

Претседателот на Стопанска комора, Бранко Азески, претходно, во јавно искажан став порача дека земјоделството е еден од најголемите потенцијали за пост КОВИД развој на домашната економија. Според Азески, за да се искористи потенцијалот, приоритети терба да бидат окрупнување и мелиорација на земјоделското земјиште, промена на методологијата за субвенционирање, како и унапредување на органското производство и на руралниот развој. Азески оцени и дека извозниот потенцијал на земјоделско-прехранбениот сектор е во млечната, винарската, месната и мелничката индустрија.

Земјоделството и прехранбената индустрија се третиот најголем сектор во земјава кој има значаен придонес во бруто домашниот производ (БДП), надворешната трговија и јавната и приватната потрошувачка. Овие две индустрии се голем работодавач со вкупно 10.967 активни претпријатија. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:агро секторпост КОВИД меркистопанска комора
Претходен напис (Видео)Сланина во солило – необична подготовка и вкус!
Следен напис Илјадници тони бугарски компири скапуваат во магацините и на полињата поради ниските увозни цени!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?