Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хрватска и 12 членки на ЕУ се договорија за туристички „зелен пасош“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хрватска и 12 членки на ЕУ се договорија за туристички „зелен пасош“
Агровести

Хрватска и 12 членки на ЕУ се договорија за туристички „зелен пасош“

Објавено 13/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Хрватска и дванаесет членки на Европската Унија постигнаа договор за критериумите за издавање т.н. „зелен пасош“, што ќе го олесни протокот на туристи во време на пандемија, соопштено е денеска во Виена.

– Нашата цел е да го примениме „зелениот пасош“ брзо и по можност во униформиран облик на ниво на ЕУ – изјави за агенцијата АПА австриската министерка за туризам Елизабет Костингер од Австриската народна партија.

Таа рече дека тоа е „прашање за опстанок за европскиот туризам“.

Хрватска, Австрија, Кипар, Данска, Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Португалија, Словенија и Шпанија уште на крајот од март се договорија за седум критериуми за издавање на „зелен пасош“, кои треба да се спроведат најдоцна до почетокот на јуни.

– „Зелениот пасош“ преку QR-код веднаш обезбедува информации за тоа дали лицето е вакцинирано, тестирано или прележал коронавирус. Ова овозможува едноставна и практична примена во ЕУ: од чекинг на аеродромите до посета на селска гостилница, изјави австриската министерка за туризам.

Таа истакна дека во секој случај, се сака да се избегне овој вид документ да се третира како присила за вакцинирање.

Чувствителните здравствени податоци на носителите на „зелениот пасош“ исто така ќе останат во земјата на потекло и нема да се чуваат централно на ниво на ЕУ.

Понатамошна цел е усогласување на примената на „зелениот пасош“ со трети земји.

Списокот критериуми, како што беше речено, е доставен на контрола до Европската комисија, која наредните денови треба да донесе одлука за примена.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:зелен пасош
Претходен напис Битиќи: Ако се утврдат неправилности при пораст на цените на одредени производи, ќе бидат преземени мерки
Следен напис Заев: Важно е да расте платата, но при тоа да не ги губиме работните места
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?